Регион
Уставниот суд на БиХ повторно го оспори Денот на Република Српска

Уставниот суд на Босна и Херцеговина го оспори Законот за Денот на Република Српска – 9 Јануари, разгледувајќи по барањето за оценка на уставноста за Денот на Република Српска, што во јануари го поднесоа девет делегати – Бошњаци и Хрвати.
Претседателот на Уставниот суд на БиХ, Златко Кнежевиќ, објасни дека е усвоено барањето на делегатите дека Судот ја прогласил за неуставна одредбата за 9 јануари како Ден на Република Српска и ја поништил.
„Од следниот ден оваа одредба ќе престане да важи“, изјави Кнежевиќ за сараевската „Н1“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Хрватските навивачи донесени во суд во Атина, еден од нив извика: Пленковиќ извади не надвор

Денеска, во судот во Атина продолжи распитот на Бeд Блу Бојс, осомничени за навивачките нереди во август во кои беше убиен еден навивач на АЕК.
Првата група од 38 навивачи вчера доби можност да ја дополни одбраната откако во истрагата беа извршени ДНК и дактилоскопски вештачења во кои не беа пронајдени нови докази против нив.
Денеска пред суд беше изведена уште една група.
На снимката од пристигнувањето на Бeд Блу Бојс во судот објавена од хрватската Н1, се слуша како еден од навивачите вика: „Пленковиќ, извади не надвор“.
Регион
Неколку лица избодени со нож при тепачка во градски парк во Приштина

Неколку лица се избодени со нож во градски парк во Приштина, каде непосредно претходно настанала тепачка, пренесува Телеграфи.
Според првите информации, конфликтот се случил во населбата „Качаларет“.
Еден од учесниците во инцидентот, кој е осомничен дека замавнал со нож, бил сопрен од граѓанин.
Косовската полиција се уште не излезе со официјално соопштение.
Регион
Грција: Рап пејач ограбувал банкомати со експлозив, за да плати спотови

Полицијата во Грција уапси рап-уметник, обвинет дека употребил експлозив за ограбување банкомат, за да ги финансира неговите музички спотови, соопштија денеска грчките власти.
28-годишниот маж, чие име не е објавено, беше уапсен викендов заедно со уште двајца осомничени, на возраст од 26 и 27 години, откако полицијата упадна во имот во близина на Атина и претресе неколку возила, објави АП.
Агенцијата забележува дека во таа акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина. „Тие переле пари трошејќи огромни суми преку музичката индустрија или во казина“, изјави полицискиот бригаден генерал Јоанис Скорас, пренесуваат медиумите во регионот.
Портпаролката на полицијата Констанција Димоглиду изјави дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра. Тројцата осомничени се соочуваат со обвиненија за повеќекратни грабежи, недозволено поседување огнено оружје, како и поседување и употреба на експлозиви и кражба на возила, јавува Танјуг.