Контакт

Регион

Учителка од Бар суспендирана зашто учениците цртале штрумфови со српската тробојка

Објавено пред

Рада Вишњиќ, учителка од основното училиште „Југославија“, чии ученици на часот по ликовно вопитување цртале штрумфови е суспендирана додека против неа трае дисциплинска постапка, пренесува „Вечерње новости“.

Учителката ја дознала оваа информација вчера попладне, кога дошла на работа.

„Додека трае постапката, нема да можам да се гледам со моите ученици на часовите. Одлуката не ме изненади. Во моментот единствен проблем е што не знам колку долго би можела да трае суспензијата бидејќи во тој период нема да примам плата“, вели Вишњиќ.

Детските цртежи биле нацртани во понеделникот на редовниот час по ликовно воспитување на тема цртање украси. Вишњиќ веднаш била свесна дека децата го украсуваат омилениот јунак од цртавиот фил со тробојка, но тоа не ѝ пречело.

„Немавме намера да предизвикаме провокација, ниту омраза, туку љубов. Само малку си игравме. Учениците многу добро знаат за што станува збор, веќе имаат по десет години. Тие знаат сè. Одат на литии “, изјави Вишњиќ.
Велештрумф, кого децата го нацртале на тробојки, стана нов симбол на борбата за зачувување на српските светилишта во Црна Гора.

Откако ѓтрумфови станаа хит на социјалните мрежи, директорката на училиштето, Биљана Вукмановиќ, изјавила дека таа институција не е место на кое отворено или прикриено ќе се демонстрира политичко дејствување.

Регион

Во Србија рекордни 512 новозаразени со коронавирус, еден починат

Објавено пред

Според последните информации во Србија се регистрирани 512 нови случаи на инфекција со коронавирус, а едно лице починало.

Во последните 24 часа биле тестирани 7.425 лица.

На респираторни машини се приклучени 27 пациенти.

Претходниот рекорд во Србија беше поставен на 26 јули, кога беа заразени 467 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ 922 нови случаи на коронавирус, 14 лица починале

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се потврдени 922 нови случаи на коронавирус, а 14 лица починале. Од тој број, 654 се пријавени во Федерацијата БиХ, додека 268 лица со позитивен тест за коронавирус се регистрирани во Република Српска.

Институтот за јавно здравје на ФБиХ соопшти дека биле тестирани 2.278 примероци и биле регистрирани нови случаи во сите кантони.

Тестирани се вкупно 186.395 лица, а коронавирусот е потврден кај 23.621 лице.

До денес во Федерацијата БиХ се излечиле 17.935 пациенти, а во изминатите 24 часа се излекувале 176 пациенти.

Во моментов, активни се 5.021 позитивен случај на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција: Вооружените сили поставуваат вештачки пречки во Еврос

Објавено пред

Грчките вооружени сили започнаа со поставување вештачки пречки, поправка на набљудувачници и инсталирање на осветлување по должина на грчката граница во Еврос.

Целта на работите е да се олесни работата на грчката полиција и Фронтекс при патролирање, надзор и безбедно да се спречи нелегалното влегување во Грција.

Работите се одвиваат истовремено со изградбата на оградата долга 26 километри, јави АНА.

Тие се изведуваат според упатствата на Грчкиот штаб за национална одбрана, со учество на инженерски единици и градежни одреди на вооружените сили во областа Еврос.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 час

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија2 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија3 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија3 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион4 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет5 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија5 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет6 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија6 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет7 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет7 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија7 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион18 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет18 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија20 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија20 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија22 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија1 ден

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Досие