Контакт

Регион

Уште 1.365 новозаразени во најтешко погодената земја на Балканот

Објавено пред

Бројот на новозаразени од коронавирус во Романија во последните 24 часа се зголеми за 1.365, на вкупно 91.256, соопшти денеска Стратешката комуникациска група.

Од компликации со коронавирус починале 44 лица во изминатите 24 часа – 27 мажи и 17 жени, со што бројот на смртни случаи во Романија достигна 3.765, објавија тамошните медиуми.

Вкупно во земјата досега се опоравиле 39.275 заразени лица.

Регион

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Објавено пред

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета.

Според Ројтерс, безживотното тело на една постара жена е пронајдено во поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица, но не е јасно дали тој е едно од двете лица кои претходно биле пријавени за исчезнати.

Во поплавената Кардица се урнал мост, а невремето денеска пристигна во поширокиот дел на Атина, но засега нема извештаи за штети.

Железничките линии помеѓу Атина и Солун се привремено прекинати.

Ураганот Јанос вчера го погоди западниот брег на Грција, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини на електричната енергија.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 212 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 212 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 2.128, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во последните 24 часа нема смртни случаи. Во самоизолација се 9.714 лица.

Меѓу активните случаи, 288 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај  во Хрватска, регистрирани се вкупно 14.725 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 244 починале, а вкупно 12.353 се опоравиле, од кои 184 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 254.480 лица, од кои 5.457 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес го погоди Крит

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит.

Според податоците на сеизмолозите, епицентарот на потресот е лоциран на длабочина од 40,5 километри југозападно од Арви, пренесе „Спутник“.

Сè уште нема информации за жртви и материјална штета.

Според Европскиот-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил посилен – 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Ова е шетси и најсилен земјотрес кој го погодил Крит за време на последниот месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион16 минути

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Македонија1 час

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ1 час

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија3 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет4 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија6 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија6 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет7 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија7 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет8 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ8 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт8 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион21 час

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет22 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија23 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ1 ден

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија1 ден

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Досие