Контакт

Регион

ФБИ држи 10 Црногорци на брод со 16 тони кокаин

Објавено пред

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што, освен четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и другите морнари од Црна Гора.

Црногорскиот портал cdm.me известува дека на некои од нив, според информациите од весникот „Дан“, им било дозволено да контактираат со семејствата. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамките на истрагата и од нив се земени ДНК-примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата.

Весникот „Дан“ имал увид во документ на ФБИ, каде што се тврди дека од членовите на екипажот повеќето се црногорски државјани. Покрај капетанот на бродот Дарко Рогановиќ, испитувани се и четири лица од Котор и едно од Никшиќ.

Според информациите на весникот, тие сè уште не се осомничени, но уапсени се четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде што беа пронајдени десетици пакети со кокаин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бугарите бараат од Трамп авиони „Ф-35“ и испаќање свој човек на Месечината

Објавено пред

Авиони „Ф-35“, укинување на визите, инвестиции и пат на Месечината се потенцијалните теми на разговор во текот на посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на САД, изјави поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси, за бугарската национална телевизија (БНТ).

Најпрвин треба да се иницира прашањето за понатамошен развој на бугарското вoоружување, пред сè, за купување „Ф-35“, рече Паси.

Бугарија купи авиони „Ф-16“, но треба да размисли и за купување авиони од следната генерација.

„Авионите ‘Ф-35’ масовно се појавуваат и во Пентагон и насекаде во светот, така што Бугарија треба да размислува стратешки, 10-15 години однапред“, посочи Паси.
Тој исто така смета дека на Бугарија ѝ е потребно поголемо воено присуство на САД во Црното Море.

„Тоа е нешто што може да ги попречи нападите од Путин. Освен тоа, Борисов треба да побара од претседателот Доналд Трамп, САД да ги вклучат Бугарите во својата наредна мисија на Месечината“, рече Паси.

Тој нагласи дека треба да се иницира прашањето за укинување на визите, зголемување на американските инвестиции и исполнување на дамнешниот сон на Бугарија – да испрати човек на Месечината.

„Сега е вистинско време да се премине на реализација на стариот бугарски сон во нашите билатерални односи, да испратиме космонаут со мисијата на НАТО“, нагласи Паси.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорeц уапсен во Атина со 104 килограми кокаин

Објавено пред

Црногорскиот државјанин Милан Тисма (45) беше уапсен во Атина поради трговија со дрога.

При претресот на неговиот стан се пронајдени околу 104 килограми кокаин, пренесува РТЦГ.

Тој, наводно, е уапсен заедно со двајца албански државјани.

Прикажи повеќе...

Регион

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Објавено пред

Пред атинскиот Економски факултет денеска избувна судир меѓу група од 80-ина лица, кои влегоа во зградата на Факултетот, и полицијата, која се обиде да ги извади.

Во меѓувреме Универзитетскиот сенат донесе одлука дека Факултетот нема да работи до 17 ноември кога се одбележува годишнината од востанието во Атина, односно студентските протести во 1973 година, пренесува АНА.

Претходно, полицијата користеше солзавец за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и други предмети кон нив.

Досега никој не е уапсен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет8 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија13 часа

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија14 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија15 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија15 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија15 часа

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија16 часа

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија18 часа

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет18 часа

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија19 часа

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Економија19 часа

Истражување: Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра за јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 отсто (од максимално можни 100 отсто) од критериумите за транспарентност, отчетност и...

Македонија19 часа

Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“ поради отсуство на поротничка што имала смртен случај. Судијата Огнен...

Европа19 часа

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница кога полицијата го фатила како под дејство на алкохол се...

Свет20 часа

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет21 час

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија21 час

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Европа1 ден

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет1 ден

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија1 ден

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Досие