Контакт

Регион

Фон дер Лаен: Не треба да ги менуваме условите за Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска при посетата на Загреб изјави дека Албанија и Северна Македонија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите и дека ЕУ не треба да ги менува, туку само да ја подобри методологијата за пристапните преговори.

„Тие ги исполниија критериумите што ние ги баравме и сега не треба да ги менуваме условите“, рече Фон дер Лaен на прес-конференција.

Но, таа додаде дека до самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Загреб во мај, методологијата за преговорите треба да се подобри, како што побара Франција.

„Мора да предложиме нова методологија пред самитот и да најдеме начин да го одржиме отворен процесот за Албанија и Северна Македонија за да може да почнат преговорите“, истакна претседателката на ЕК.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црногорското МНР најави мерки против министерот советник во Амбасадата на Србија

Објавено пред

Црногорското Министерство за надворешни работи најави дека ќе преземе мерки против министерот советник во Амбасадата на Србија во Подгорица поради непочитување на Виенската конвенција за дипломатски односи, пренесува „Спутник“.

„Во дејствувањето на министерот советник во Амбасадата на Србија се утврдени непобитно утврдени постапки со кои флагрантно се крши словото и духот на Виенската конвенција, добрата вера и добрата пракса во меѓудржавните односи и дипломатските релации“, е наведено во соопштението.

Во него не се прецизира на кој начин министерот советник во Амбасадата на Србија во Подгорица флагрантно го прекршил словото и духот на Виенската конвенција, но се наведува дека во отворена и многу коректна комуникација амбасадорот на Србија во црногорското МНР бил прецизно и детаљно известен за карактерот на овие активности, како и за соодветнмите мерки што ќе ги преземат црногорските органи.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис: Проблемот на Грција со Турција ја засега и ЕУ

Објавено пред

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека проблемите на Атина со Турција или која било друга земја автоматски стануваат проблем на Европската Унија и ја повика Европа да го „потсети“ турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека границите на Грција се непроменливи.

Во интервју за францускиот магазин „Меѓународна политика“, Мицотакис рече дека кога Турција ја прекројува картата на Средоземното Море, таа ја провоцира не само Грција туку и цела Европа.

Затоа, вели тој, и Европа мора да одговори.

„Европа треба да го потсети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека границите на Грција се непроменливи и за нив не може да се преговара“, рече Мицотакис.

Турција и меѓународно признатата влада во Либија потпишаа договор за водните граници во Средоземното Море минатиот ноември, кој наиде на силно спротивставување од Атина, која смета дека договорот е закана за суверенитетот на Грција.

Медиумите наведуваат дека на овој начин Турците сакаат да ги заробат егејските острови источно од 25. меридијан во турскиот континентален појас.

Прикажи повеќе...

Регион

Српски државјанин во карантин поради симптоми на коронавирус

Објавено пред

Еден српски државјанин е ставен во карантин во Гоа, Индија, под сомнение дека е заразен со коронавирус. Неименуваниот Србин, кој се споменува само како средовечен човек, дошол во Индија од Кина.

Тој пристигнал во Индија минатата недела, а според индиските медиуми, во Кина престојувал во град што е оддалечен 750 километри од Вухан, кој е епицентарот на епидемијата на опасниот вирус.

„Покажува симптоми на коронавирус, како што е суво и болно грло. Тој беше во кинески град оддалечен 750 километри од Вухан, а ние ја следиме неговата состојба. Земени се сите потребни примероци за анализа“, соопштија индиските власти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Дојавата за бомба во „Сити мол“ била лажна

Дојавата за бомба во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје била лажна, потврди Министерството за внатрешни работи. Од таму соопштија...

Македонија59 минути

Карпош и годинава ќе доделува субвенции за велосипеди, електрични тротинети, фасади и лифтови

Од понеделник, 3 февруари, ќе почне субвенционирањето за нови велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на општина Карпош. Карпошани ќе...

Топ1 час

Скопјани изградиле куќа во заштитена зона во Националниот парк „Галичица“

Двајца скопјани изградиле куќа на државно земјиште во Трпејца во зоната на строга заштита, која е дел од Националниот парк...

Свет3 часа

(Видео) Кина: Носат шишиња за вода на главата, а ги завиткаа и децата во пластика

Во Кина, каде што е жариштето на коронавирусот, постои голема побарувачка за маски кои речиси воопшто ги нема на пазарот,...

Македонија5 часа

Затворена порнографската група на „Телеграм“, избришани се сите членови

Повеќе не постои порнографската група на „Телеграм“ во која имаше над 7.000 членови, а се постираа фотографии и видеа од...

Македонија5 часа

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете...

Македонија6 часа

(Видео) Лила Филиповска дала 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица за 1ТВ

„Не сме скарани, но не сме повеќе пријатели со Боки 13”. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот...

Македонија6 часа

Судијка сведочи во „Рекет“: Боки 13 доаѓа од просечно семејство, но неговата финансиска состојба брзо се подобри

Апелациската судијка Мери Дика-Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО,...

Македонија7 часа

Напладне запираат вонредните мерки за загадувањето, се укинува и бесплатниот јавен превоз

Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен...

Свет7 часа

Австралиски научници на чекор од откривање вакцина против коронавирусот

Научници од Австралија соопштија дека во лабораторија успешно развиле верзија на новиот коронавирус, што би можело да го забрза создавањето...

Регион7 часа

Српски стилист уапсен поради педофилија

Полицијата во Нови Сад го уапсила стилистот и диџеј Срѓан Швељо под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица,...

Свет8 часа

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион9 часа

Сасоли: Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион9 часа

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија9 часа

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните податоци...

Македонија20 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија22 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија22 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија23 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт24 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Досие