Контакт

Регион

(Фото) Халкидики по страшното невреме во кое загинаа седум лица

Објавено пред

Најмалку седум луѓе, меѓу кои шест туристи, загинаа во невремето што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во екот на туристичката сезона. Локалните медиуми објавија дека 120 луѓе побарале медицинска помош.

Фото: ЕПА

Поради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја.

Фото: ЕПА

Во невремето настрадаа Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се урнал покрив во таверна во местото Неа Плагија. Меѓу загинатите се и двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Денеска било пронајдено уште едно тело, кое засега не е идентификувано.

Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Асоцијацијата на хотелиери соопшти дека не е забележано масовно заминување на туристите или, пак, откажување на аранжмани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Лидерот на Самоопределување: Косовската химна е чудна, а знамето грешка

Објавено пред

Химната на Косово се вика „Европа“ и нема текст, а знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска, изјави лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти, гостувајќи во емисијата „Пресинг“ на „Т7“, посветена на изборите.

Зборувајќи за прашањето на знамето, симболите и химната на Република Косово, Курси истакна дека како премиер е природно да ги почитува тие симболи, пренесува „Косев“.

„Не заборавајте дека химната се вика Европа и дека нема текст. Тоа е чудно. Се разбира, јас сум за тоа да се додаде текст во оваа химна, но тоа мора да се направи во согласност со нашиот устав,“ рече Курти.

„Како премиер, се разбира, дека ќе ги почитувам, но би требало да имате на ум дека јас сум лидер на Самооопределување и ги претставувам и оние вредности што се големи за нас. Не е химна на Албанија туку на сите Албанци. Знамето на Косово нема ни историска ни некоја друга вредност, освен географска. Знаеме дека беше грешка, но сега можеме само да го признаеме тоа,“ посочи тој.

Во истата емисија Курти зборуваше и за обединување со Албанија тврдејќи дека Косово има право да ѝ се приклучи, но додаде дека тоа денес е невозможно.

„Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанија“, наведе тој и додаде дека партиите, пред сè, се фокусирани на опстанок на државата Косово.

Прикажи повеќе...

Регион

Српската полиција уапси Мaкедонец и заплени арсенал оружје во неговиот стан

Објавено пред

Полицијата во Пожаревац го уапси П. С. (29), државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи и загрозување на безбедноста.

Се сомнева дека тој дошол пред куќата на педесет и седумгодишна жена во Пожаревац барајќи да го види нејзиниот сопруг, кој не бил таму, како и дека ја удирал влезната врата, соопшти МУП.

Полицијата набргу го пронашла и му одзела два пиштола, а при претрес на станот во Пожаревац, каде што осомничениот престојувал непријавен, пронашле уште еден пиштол, придушувач и неколку парчиња муниција.

Осомничениот е задржан во траење од 48 часа по што со кривична пријава е изведен пред Вишото јавно обвинителство во Пожаревац.

Судијата му одредил казна притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Регион

Неос: Курц да престане да пали на Балканот

Објавено пред

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, треба да престане да пали на Балканот, истакнаа Штефи Криспер и Даглас Хојс од австриската партија Неос реагирајќи на интервјуто дадено од поранешниот австриски канцелар за „Танјуг“.

„ОВП со својот неодговорен пристап ја загрозува безбедноста на Западен Балкан и Австрија“, велат тие по изјавата на Курц дека Австрија ќе прифати какво било решение постигнато од Белград и Приштина во дијалог, па дури и промена на границата ако тоа придонесе за воспоставување одржлива стабилност.

„Не треба да се игра со промена на границите по етничка линија, како што замислиле Александар Вучиќ и Хашим Тачи“, предупредува Криспер.

Тој додава дека поддршката на Австрија за таква опција може да доведе до тоа да „националистичките сили“ на Балканот, особено наведувајќи ги босанските Срби под водство на Милорад Додик, го бараат истото тоа за кое тој проценува дека ќе доведе до дестабилизација на целиот регион.

„Себастијан Курц се залага за неодговорна и опасна надворешна политика“, истакнува Хојс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија2 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија2 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија3 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија6 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет7 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет7 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет7 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија7 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија8 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет19 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет20 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија21 час

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Досие