Контакт

Регион

Фридман: Размислете за „Балканска федерација”

Објавено пред

Балканските земји имаат заеднички интерес и затоа треба добро да проценат каде одат и да размислат за „балканска федерација”, изјави вчера во Белград американскиот геополитички аналитичар Џорџ Фридман, со оценка дека е потребен силен Балкан, како партнер на САД против Русија и Турција.

dobivaj vesti na viber

Најголемата опасност за овој регион е самиот регион, вели Фридман додавајќи дека тероризмот е проблем, но не е егзистенцијален проблем за Балканот.

„Ако сте сами на себе најголема закана, вие самите сте решение”, рече тој.

Американскиот геополитички експерт и основач на „Стратфор” на прашањето за Косово рече дека не го интересира што нè дели во регионот туку она што нè прави силни. Тој потсети дека по распадот на Југославија три децении не беа баш среќни времиња за Западниот Балкан, нагласувајќи дека интеграцијата во ЕУ
ќе покрене многу прашања што не треба да се потценуваат.

„Ќе биде добро да процените каде одите, ситуацијата е комплицирана”, рече тој. Според него, нашиот спас не е во ЕУ, бидејќи најдобар дел од нашата историја бил во време на бивша Југославија, без оглед на репресивниот комунистичкиот режим.  Како што рече, земјите од Балканот не треба да се редат зад европските земји бидејќи веќе имаат избор – заеднички интерес.

„Ако Европејците немаат доволно нивни проблеми – нека ве интегрираат во регионот. Ако вие тука исто така немате доволно проблеми, интегрирајте се во ЕУ “, рече Фридман па праша: „Што бара воопшто Црна Гора во НАТО ?“

Фридман, исто така, укажа на постоење значаен интелектуален потенцијал во земјите од Балканот, при што ги спомена Србија, Хрватска и Словенија.

„Не постои место во светот каде што може да се купи таква добра експертиза, толку евтина, ништо не може да го замени тоа. Овозможете им на паметните глави да работат “, рече тој, па додаде дека „решенија има, а единственото што ни стои на патот сме ние самите“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Објавено пред

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови колеги од Централна и Источна Европа за поддршка на интегритетот на Украина и нејзиниот прием во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Документот со кој се осудува припојувањето на нови украински територии кон Русија го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.

Шефот на државата Румен Радев не се согласува со целосниот текст на декларацијата усвоена од некои источноевропски земји за членството на Украина во НАТО. Тој ги поддржува другите позиции содржани во документот“, се вели во соопштението од Бугарија, информира БТА.

Во него се наведува дека Бугарија е дел од декларацијата од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за идниот пристап на Украина, но оваа декларација е усвоена во сосема поинаква безбедносна средина.

„Воените акции на територијата на Украина денеска бараат нејзиното членство во aлијансата да се дискутира во целосниот состав на Северноатлантскиот совет и да не доведе до ризик од директно вклучување на земјите од НАТО во војната“ – се додава во соопштението.

Според него, одлуката за приклучување на Украина во НАТО треба да биде донесена „само откако ќе се развијат јасни параметри за мирно решавање на конфликтот меѓу Русија и Украина, кои ќе бидат прифатени и имплементирани од двете завојувани земји“.

Сепак, во декларацијата, потпишана од други шефови на држави на иницијатива на романскиот претседател Клаус Јоханис, се вели:

„Ние не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме обидите на Русија за анексија на украински територии. Силно ја поддржуваме одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година во врска со идниот пристап на Украина. Сите оние кои ќе извршат злосторства за агресија мора да одговараат и да бидат изведени пред правда“.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Објавено пред

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција против организираниот криминал и шверц.

dobivaj vesti na viber

Српскиот претседател Вучиќ пред новинарите го поздрави домаќинот на настанот, унгарскиот премиер Виктор Орбан, бидејќи, како што рече, тој секогаш имал доволно храброст да иницира важни регионални прашања.

„Денеска, разговаравме за сите важни и тешки прашања со кои се соочуваме. И енергијата и финансиската состојба… Сите сме под притисок. Сите знаеме колку тешко ќе биде да се надминат есента, зимата, а богами и пролетта. Мислам дека следната ќе биде уште полоша зима“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија значително ќе се усогласи со визната политика на ОН до крајот на годината. Како што вели, Србија е специфичен случај бидејќи има зголемување на пристигнувањето на бегалци, кои не доаѓаат само од Израел, Пакистан и други земји, туку и од Русија и Украина.

„Тоа не е мал товар за мала земја. Разговаравме за миграцијата и сакам да ги информирам сите дека Србија до крајот на годината ќе се усогласи со визната политика на Европската Унија. Србија нема да може да се користи како земја на пристигнување… Луѓето во Белград не знаат со колку проблеми се соочува нашата полиција, а сега решивме да им помогнеме на Австрија, Унгарија со заедничка работа“, додаде Вучиќ.

Тој рече дека за неколку дена, на 7 октомври, во Белград ќе биде потпишан договор, а потоа ќе се состави акциски план.

„Тука сме да си помогнеме. Ќе има проблеми со храната, некои земји ќе бидат на работ на колапс и ќе мораме да си дадеме поддршка еден на друг. Луѓето не ја чувствуваат кризата како ние во државниот апарат. Ситуацијата е страшна. Ги трошиме сите пари, трошиме сè што направивме добро во претходните 10 години. Србија не сака да биде паркинг за мигрантите и затоа секогаш ќе го почитуваме меѓународното право и ќе ги разбираме проблемите на луѓето што се во тешка ситуација, но ќе ја зачуваме безбедноста.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не се задоволни од состојбата со мигрантите, но, како што истакна, и унгарските и српските граничари се борат да ја спречат илегалната миграција.

Унгарија го иницира овој состанок затоа што се наоѓаме во најспецифична ситуација, имаме миграции од два правца, над милион бегалци дојдоа од правец на Украина, а имаше повеќе од 180.000 илегални обиди за влез на нашата јужна граница“, рече Орбан.

За гостопримството се заблагодари и канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, кој изјави дека денешниот настан е важна можност за решавање едно сериозно прашање.

„Примивме 70.000 бегалци од Индија, Бангладеш и од Пакистан. Австрија обезбедува засолниште за 80.000 Украинци и ова е важно безбедносно прашање за Австрија“, вели Нехамер.

Прикажи повеќе...

Европа

Сараево: Милановиќ не е добредојден во БиХ

Објавено пред

Градот Сараево објави декларација во која ги осудува изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во него пишува дека тој не треба да доаѓа во Сараево додека не го промени однесувањето кон Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Градот Сараево ги осуди изјавите на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кои се однесуваат на Босна и Херцеговина. Тие го објавија целиот документ во кој наведуваат дека изјавите на Милановиќ се неразумни и штетни за односите на две пријателски земји.

„Однесувањето на господинот Милановиќ не е ниту државнички ниту му прилега на претседател на европска земја. Ние ја изразуваме нашата почит кон чесната и одговорна функција на претседателот на Република Хрватска, но не можеме да ја изразиме таа почит кон Милановиќ поради неговите навредливи и недипломатски изјави кон Босна и Херцеговина“, се вели во дел од документот, а пренесува „Кликс“.

Дополнително, наведуваат дека изјавите на Милановиќ нема да донесат ништо добро ниту за Хрватска, ниту за БиХ ниту на кој било начин ќе придонесат за регионалната стабилност и соработка.

„Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, е отворен за сите луѓе со добра волја, но не и за оние што навредуваат и прават штета. Затоа го повикуваме Милановиќ да го промени навредливото однесување кон Босна и Херцеговина. Дотогаш нека не доаѓа во Сараево, главниот град на БиХ, бидејќи нема да биде добредојден. Се надеваме дека Милановиќ ќе се вразуми и ќе го промени своето однесување“, се вели во декларацијата, која Градскиот совет допрва треба да ја усвои.

На крајот, беше констатирано дека сите ќе бидат информирани за ставот на Град Сараево.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа9 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет10 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија12 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион13 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија13 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија14 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија14 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија14 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет15 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет15 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија16 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет17 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија17 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет18 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет18 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет18 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа18 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет19 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет19 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...