Контакт

Регион

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Објавено пред

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти бугарската влада.

Сајбер-нападот на бугарската Национална агенција за приходи (НРА) се случил кон крајот на јуни, а е откриен откако едно лице, кое тврди дека е руски хакер, ги контактирало бугарските медиуми доцна синоќа нудејќи им пристап до украдените податоци.

„Споредивме 30 отсто од податоците кои се објавени и потврдуваме дека тоа се информации од НРА“, изјавил Росен Бачваров, портпарол на НРА.

Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов, изјави дека информациите кои се украдени немаат ознака „доверливо“ и не ја загрозуваат финансиската стабилност.

Дневниот весник „24часа“ објави дека еден фајл кој го испратил наводниот хакер по електронска пошта содржел повеќе од 1,1 милиони идентификациони броеви со податоци за приходи и за социјално и здравствено осигурување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Анархистички напад врз ресторан во предградието на Атина

Објавено пред

Анархистичката група „Рубикон“ изврши напад на познат ресторан во Халандри, предградие на Атина.

Нападот се случил ноќта помеѓу четврток и петок.

Според полицијата, припадниците на „Рубикон“ провалиле низ влезната врата од ресторанот и внатре фрлиле боја, а потоа заминале, пренесува АНА.

Полицијата не уапсила никого, а групата „Рубикон“ поставила објава за овој напад на еден на антисистемски сајт.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Објавено пред

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој на 21 август нападна шпански туристи и со телото се обиде да го запре нивниот автомобил бидејќи не ја платиле сметката.

Уривањето е извршено по наредба на албанските власти, кои го демолираа неговиот ресторан во Порто Палермо, популарно одморалиште во јужна Албанија, јави ТВ „Клан“.

Сопственикот на ресторанот, Михал Кокедима, е уапсен кога нападнал тројца шпански туристи и двајца Албанци, а властите соопштија дека во истрагата утврдиле дека ресторанот немал дозвола за работа и дека три години не плаќал данок.

Видеото од нападот покажува дека Кокедима се обидел да го запре автомобилот во кој се превезуваат туристите скокајќи на хаубата, при што ја скршил шофершајбната и така се возел пет километри.

Туристите, наводно, биле незадоволни од услугата, а од ресторанот тврдат дека гостите не ја платиле сметката.

Според шпанските медиуми, жртва на инцидентот биле шпанскиот бизнисмен Евгенио Галдон и неговото семејство. Албанскиот премиер Еди Рама се извини и ги осуди постапките на сопственикот на ресторанот.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Дубровник рекордна количина марихуана запленета во автобус на туристичка агенција

Објавено пред

Рекордна количина од 342 килограми марихуана е запленета на граничниот премин Карасовиќи кај Дубровник.

Полицискиот оддел Дубровник-Неретва ја прогласи оваа заплена на својата територија за најголема во текот на годинава, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на пет милиони куни (околу 675.000 евра), односно 2 милиона евра при малопродажба на црниот пазар.

„Автобусот што бил регистриран на туристичка агенција од Дубровник бил управуван од 49-годишник од овој град, кој кај службениците предизвикал сомнеж поради неговата нервоза“, беше објавено на прес-конференција.

Полициските службеници забележале 17 торби, а на прашањето што содржат, возачот рекол дека тоа е спортската опрема на екипа од Бразил што ја носи во Црна Гора, соопшти првиот човек на Службата за криминалистичка полиција, Зоран Тиквица.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Советот на јавни обвинители го доби извештајот за ,,Рекет”, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал го достави до Сoветот на јавните обвинители извештајот за преземени активности и дејствија во предистражната и...

Регион1 час

(Видео) Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик кој на 21 август нападна шпански туристи и со телото...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија3 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Македонија3 часа

Дангов: Лиле Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување...

Европа4 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет4 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион5 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет5 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет6 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија16 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија18 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа21 час

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ1 ден

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ1 ден

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие