Контакт

Регион

Хан: Ако нема апсења на големите риби, преговорите со Албанија ќе се прекинат

Објавено пред

ЕУ побара брза пресметка меѓу судството и политичарите во Албанија кои се дел од криминалните групи. Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, во изјава за германскиот весник „Штутгартер цајтунг”, што ја пренесуваат албанските медиуми, изјавил дека доколку нема апсења на политичарите во Албанија кои се вмешани во криминални активности, тогаш и ЕУ ќе ги прекине преговорите со Албанија.

„Јас може да го прифатам скептицизмот, но воедно не велам и дека Албанија и ПЈР Македонија се готови за прием. Но, потребните реформи може да бидат постигнати најдобро за време на процесот на прием“, потенцирал Хан, додавајќи дека што се однесува до законите, тие во сите шест држави во регионот се на рамниште на законите во земјите членки на Унијата. Но, во преговорите, вели Хан, посветуваме внимание како се спроведуваат тие закони и дали во случаите на корпупција соодветно одговараат и големите риби кои се во политиката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Напад врз централната синагога во Софија

Објавено пред

Непознат напаѓач со камења успеал да го искрши прозорецот на големата соба за молитва во централната синагога во Софија.

Шефот на еврејската организација во Бугарија, Александар Оскар, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека инцидентот сам по себе е крајно загрижувачки, но дека уште повеќе вознемирува „индиферентноста на минувачите”.

„Безбедноста на еврејската заедница е на прво место и ние ќе работиме со полицијата и релевантните институции во земјата за нејзина гаранција”, рече Оскар.

Тој тврди дека говорот на омраза во Бугарија ескалираше во физички дела на директни напади врз заедничкиот имот на Евреите.

Прикажи повеќе...

Регион

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Објавено пред

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а снимателот добил сериозни повреди.

Во Атина веќе неколку дена повторно има протести против договорот од Преспа, кој се однесува на промена на името на Македонија и кој треба да се ратификува во грчкиот парламент.

(Фото:ЕПА)

Грчката агенција АНА-МПА објави дека за време на демонстрациите нападнат и повреден бил и еден фоторепортер.

Грчката полиција, во меѓувреме, соопшти дека за инцидентите на плоштадот Синтагма одговорни биле членовите на крајната десница.

(Фото:ЕПА)

„Членовите на ЕРТ не се заплашени. Напротив, овие инциденти во нив создаваат уште посилна желба на грчките граѓани да им пружат посигурни информации”, се вели во соопштението на грчката телевизија, која ги осудува насилните напади на нивниот тим, со заклучок дека ова е директен напад на демократијата и слободата на медиумите, објави АНА-МПА.

Грчката агенција, исто така, објави дека за време на протестот нападнат бил и фоторепортерот Костис Дадамис. Тој, според агенцијата, бил нападнат од група неидентификувани лица и се здобил со повреди на главата.

Дадамис, кој работи како фоторепортер на Спутник, веднаш бил префрлен во болница. Тој вели дека двајца или тројца демонстранти му се приближиле и побарале од него да има ја даде камерата. Кога тој одбил, тие почнале, според неговите зборови, да го удираат и да го клоцаат, а потоа ја украле неговата опрема. Медиумите пишуваат дека нападите биле испланирани.

(Фото:ЕПА)

Се очекува во грчкиот парламент денеска да почне расправата за ратификација на преспанскиот договор и најдоцна до петок тој да се гласа.

Прикажи повеќе...

Регион

Гратче на Хвар бара доктор со платен стан и бонус од 6 700 евра, на огласот се јавила само докторка од Македонија

Објавено пред

Во гратчето Сучурај на хрватскиот остров Хвар веќе половина година има отворен оглас за лекар за општа медицина. Покрај платата и стан, општината нуди и бонус од 50 000 куни или околу 6 700 евра годишно. Од Хрватска никој не се јавил на огласот. Единствена заинтересирана за работата била докторка од Македонија, објави ХРТ.

Амбулантата во Сучурај е празна. Нема пациенти, нема ни лекари. Има само една медицинска сестра со стаж од 37 години.

„До денеска никој се нема пријавено на огласот. Имаме најава дека би можело да ни дојде докторка од Македонија, се чека да се средат документите. Значи никој од Хрватска не сака во Сучурај“, рекол градоначалникот на општината Иван Славиќ.

Три пати неделно во гратчето на два-три часа на помош доаѓаат доктори од гратчето Јелса кое е оддалечено 53 километри, а патот до таму е лош, објавува ХРТ.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести40 минути

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Свет49 минути

Трамп за две години изнел 8.158 лажни или погрешни тврдења

Две години по преземањето на функцијата, американскиот претседател, Доналд Трамп, има изнесено 8.158 лажни или погрешни тврдења, покажува Алатката за...

Свет1 час

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија2 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион3 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет3 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет4 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет5 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија19 часа

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Македонија21 час

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија21 час

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Спорт22 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија23 часа

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет1 ден

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет1 ден

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет1 ден

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија1 ден

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Македонија2 дена

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија2 дена

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Досие