Регион
Харадинај демантира дека заминал за Тирана по итен повик од Рама

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, ги демантира наводите на косовските медиуми дека синоќа добил итен повик од албанскиот колега Еди Рама.
Демантот на Харадинај следуваше по тврдењата на дел од приштинските медиуми дека косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај на повик на албанскиот премиер, Еди Рама, доцна синоќа тргнале за Тирана.
Харадинај на својот профил на „Фејсбук“ напиша вечерта дека се наоѓа во Приштина со своето семејство.
„Вестите што некои медиуми ги пренесоа дека итно отпатував за Тирана не се точни“, напиша Харадинај и додаде дека по напорниот ден и палењето свеќи во знак на сеќавањето на жртвите на нападот во САД од 11 септември, се наоѓа со сопругата во домот, а веќе следниот ден го чекаат вообичаените обврски.
Претходно „Газета експрес“ пренесе дека Тачи и Харадинај заминале за Тирана на итен повик од Рама.
Од друга страна, во најавена посета во Тирана престојуваат претседателот на косовското собрание, Кадри Весели, и заменик-премиерот, Фатмир Љимај, пренесе „Зери“. Се очекува двајцата во текот на денешниот ден да се состанат со албанските лидери со кои ќе разговараат за ситуацијата на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силно невреме го прекина траектниот сообраќај на среден Јадран

Поради силно невреме на среден Јадран, траектната линија Макарска – Сумартин денеска беше откажана, а попладнево беа откажани и катамаранските линии Сплит-Вис, Сплит-Бол-Јелса и Сплит-Хвар-Вела Лука-Убли.
„Во попладневните часови невремето ќе достигне и до 70 километри на час, што создава повеќеметарски бранови ризични за пловидба, па затоа решивме да ги прекинеме овие линии“, рече Јелена Ивулиќ, директорка на агенцијата „Јадролинија“ во Сплит, пренесува „Хина“.
Таа истакна дека тие ги следат прогнозите на метеоролозите и дека врз основа на тоа ќе донесат одлуки кога повторно ќе бидат воспоставени овие линии.
Регион
Вучиќ одликуван со „Златен медал за заслуги“ на градот Атина

Претседателот на Србија се состана со градоначалникот на Атина, Костас Бакојани, кој му врачи „Златен медал за заслуги“ на градот Атина.
Бакојани истакна дека „Златниот медал“, што му го доделил на претседателот на Србија, е признание за неговиот придонес во големото пријателство што ги поврзува српскиот и грчкиот народ, како и знак на почит кон неговата личност.
Во рамките на дводневната посета на Грција тој се сретна и со грчкиот претседател Прокопиус Павлопулос, кому му се заблагодари за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, како и за европскиот пат на Србија, истакнувајќи дека Србија ќе го поддржи територијалниот интегритет на Грција и нема да го промени својот став за Кипар.
Вучиќ истакна дека Србија и Грција на политички план се поддржуваат во сите меѓународни организации и институции додавајќи дека двата народа секогаш биле рамо до рамо кога им било најтешко.
Регион
Три земјотреси во Албанија за два часа

Албанија денеска ја погодија три земјотреси во периодот од 10 до 12 часот предизвикувајќи паника кај населението. Двата земјотреса биле со јачина од 3,5 степени според Рихтер, а третиот бил послаб.
Епицентрите на земјотресите биле недалеку од Тирана, а земјотресот бил почувствуван и во Драч.
Првичните извештаи од местото на настанот велат дека немало материјална штета, но луѓето во паника ги напуштиле своите домови.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци