Контакт

Регион

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот безвизен режим што побргу, пишува „Газета експрес“.

Харадинај на „Фејсбук“ напиша дека Косово останува решено да се соедини со другите западнобалкански земји во зацврстувањето на мирот и развојот на меѓусебната соработка, со цел да се забрза заедничкиот пат кон европската интеграција.

„Косово постигна напредок, особено во однос на владеењето на правото и побарав од Хан да го вклучи Косово во визната либерализација најбргу што може“, напиша Харадинај.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

САД дозволија Израел да ѝ продаде Ф-16 авиони на Хрватска

Објавено пред

Американскиот Стејт департмент му одобри на Израел да ѝ продаде на Хрватска борбени авиони Ф-16, откако минатата недела ја блокираше таквата продажба.

Стејт департментот испратил известување до Конгресот за трансфер од трета страна, што се однесува на одобрувањето кон Израел за продажба на борбени авиони Ф-16 во Хрватска, пренесе порталот „Индекс.хр“, повикувајќи се на ХТВ.

Претходно, израелски медиуми пренесоа дека САД ја блокирале израелската продажба на користени борбени авиони Ф-16 во Хрватска, наводно зашто владата на претседателот Доналд Трамп била гневна бидејќи Изрел додал зајакнати електронски системи од израелско производство на авионите Ф-16С, само со цел да ја убеди Хрватска да ги купи.

САД сметале дека Израел профитирал на нефер начин бидејќи авионите се од американско производство и не било предвидено да бидат продадени на трета страна без одобрение на земјата што ги произвела.

Грција, Јужна Кореја, Шведска и САД исто така ѝ понудија на Хрватска воени авиони за да ги замени застарените МИГ-21С од руско производство.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ е подготвен на опозицијата да ѝ овозможи избори

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „не му паѓа на памет“ да попушти на притисокот од опозицијата и да, како што рече, „ги слушаат нивните глупости”, но дека е подготвен да им се обезбеди можност да се покажат на избори бидејќи тоа е најдемократски начин за решавање вакви прашања.

„Ако некој знае што е подемократско од изборите, нека ми каже. Но не е во ред и кога тоа ќе им го кажете”, рече Вучиќ во својата изјава во Абу Даби.

Тој додаде дека за изборите зборувал метафорично и повтори дека не сака да го загрози јавниот долг на Србија.

„Ако сакате да гласате за овие крадци, гласајте за кого сакате. За нас, Косово е најважното прашање, па дуинг бизнис-листата, па ќе зборуваме и за тоа “, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека за евентуално рапишување избори разговарал со партиските колеги, а кус разговор на таа тема имал и со премиерката Ана Брнабиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Могерини не е виновна за прекинот на дијалогот

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, не е одговорна за прекинот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, туку за тоа можат да бидат виновни само Белград и Приштина.

„Нека размислат добро во Приштина кој е виновен. Нека размислат добро кој сакаше договор, а кој не“, изјави Вучиќ за Радио-телевизија Србија (РТС).  Тој изрази надеж дека Приштина во иднина ќе сфати дека со насилнички мерки не може да постигне ништо.

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, вчера изјави дека шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, е одговорна за прекинот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина бидејќи разговорите за нормализација на односите ги претворила во разговор за територии.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа5 часа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија7 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет7 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски8 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски11 час

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија15 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија15 часа

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија15 часа

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија16 часа

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски16 часа

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ16 часа

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ16 часа

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија17 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа18 часа

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија20 часа

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет1 ден

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски1 ден

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток1 ден

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток1 ден

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие