Контакт

Регион

Харадинај сепак омекна, ќе ги постави царините на владина седница

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, сепак попушти. Тој е подготвен да го стави прашањето за суспендирање на царините на дневен ред на седница на Владата ако тоа го предложи  некој од министрите, пренесе приштинска „Коха“.

„Харадинај, според важечките правила, уставните овластувања и законот, досега ги обработи сите прашања на дневен ред и ќе продолжи со обработката на сите прашања поврзани за дневниот ред“, изјавила советничката на Харадинај, Доњета Гаши, на прашањето дали Харадинај ќе дозволи носење одлука на Владата во согласност со демократските процедури, предвидените правила на сила ако некој од членовите на Владата поведе суспензија на царините на стоките од Србија.

Харадинај вчера се закани дека никаква санкција нема да го натера да ги укине таксите за стоки од Србија и БиХ.

Неговите закани беа одговор на острите предупредувања на САД, кои упатија писмо до косовските лидери со барање за укинување на царините за Србија и БиХ и ги предупредија дека сè додека не го направат тоа, односите со нив нема да бидат вратени на претходното ниво, како безбедносните така и другите облици на соработка со Приштина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Поранешниот албански министер за внатрешни ослободен од обвиненијата за шверц на дрога

Објавено пред

Албанскиот суд ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири, но го осуди на три години условна казна за злоупотреба на службената положба.

Обвинителите бараа 12-годишна затворска каза за Тахири, кој е еден од најблиските соработници на премиерот Еди Рама, за корупција, трговија со дрога и вмешаност во криминална група.

Пресудата доаѓа еден месец пред земјите членки на Европската Унија да се сретнат за да одлучат дали ќе го поддржат почнувањето преговори за членство на Албанија во блокот.

„Судот рече дека не сум криминалец ниту шверцер со дрога и не сум дел од криминална група, но ме прогласи за виновен за злоупотреба на службената должност затоа што користев ист автомобил со некои братучеди“, изјави Тахири пред новинарите по пресудата, која беше изречена шест часа подоцна од предвиденото.

Случајот против поранешниот министер беше отворен откако записите од телефонски разговори на трговци со дрога, уапсени во Италија, наводно, сугерирале дека Тахири, нивни далечен братучед, го потпомогнал нивниот криминал.

Владејачките социјалистички пратеници ги отфрлија повиците за укинување на имунитетот на Тахири, но тој самиот го повлече во мај, откако државите на ЕУ побараа од Тирана да направи сериозни напори да се бори против корупцијата, доколку сака да влезе во унијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Бојко Борисов призна: „Јужен поток“ прекинат поради притисокот од САД

Објавено пред

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, повторно ја начна темата за „Јужен поток“ и изрази задоволство што почнува изградбата на „Турски поток“, пренесува  „Новини.бг“.

„Знаете ли зошто беше прекинат ‘Јужен поток’? Во пракса, причината беше огромниот притисок од САД и од државите на Западна Европа и за ‘Јужен поток’ и за ‘Северен тек 2’ и тие ја оневозможија неговата реализација. Ние со рускиот претседател Путин и со премиерот Медведев и со колегите од Саудиска Арабија вложивме огромни напори и го почнавме ‘Турски поток’. Проектот е стратешки и ние го нарековме ‘Балкански поток’ зашто поминува низ неколку држави. И во Европа позитивно гледаат на него“, рече Борисов.

Тој исто така изјави дека Бугарија нема сили да ги укине санкциите против Русија.

„Ако некој мисли дека тоа може да се измести од место и дека може да се укинат санкциите, тогаш е во голема заблуда. Многу се за укинување на санкциите, но во Советот на Европа сите гласаат против“, посочи бугарскиот премиер.

Прикажи повеќе...

Регион

САД ја опоменаа СДА да му се врати на Дејтонскиот договор

Објавено пред

Амбасадата на САД во БиХ се огласи  по усвојувањето на новата програмска декларација на босанската Партија за демократска акција (СДА) на Бакир Изетбеговиќ, порачувајќи дека се загрижени поради изнесените политички ставови во декларацијата, за кои велат дека не помагаат и не влијаат за решавање на секојдненвните проблеми на граѓаните, туку дополнително поттикнуваат политички тензии, пренесува порталот Кликс.ба.

Станува збор за ставот на СДА дека долгорочната политичка цел на таа партија е измена на Уставот и создавање Република БиХ, што е сепак опишано како цел за која мора да постои консензус.

„Таквата реторика го забавува напредокот на БиХ кон евроатланските интеграции и членството на БиХ во ЕУ, ја поткопува стабилноста и ги плаши инвеститорите, што пак ги уништува работните места и го забрзува егзодусот на граѓаните,“ наведуваат од амбасадата и нагласуваат дека ставот на САД е јасен и непроменет.

„Целосно ја подржуваме БиХ, нејзиниот територијален интегритет и нејзината темелна структура како единствена држава, суверена со два ентитета и три конститутивни народи. Секоја промена на внатрешната организација на БиХ мора да се усвои во согласност со постапките утврдени со Уставот, за што е потребна широка поддршка во политичкиот спектар на БиХ, вклучувајќи ги сите конститутивни народи“, истакнато е во реакцијата од амбасадата.

На крај, од амбасадата на САД порачуваат дека територијалниот интегритет и суверентитет на БиХ е загарантиран со Дејтонскиот договор.

„Ни Дејтон ни Уставот не му нудат на ниеден ентитет право на отцепување. Постоењето на секој ентитет во потполност зависи од постоењето на БиХ“, велат во пораката од амбасадата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе ги однесе затворените борци на ИД на границите на Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските држави да ги примат назад своите граѓани кои ѝ се приклучиле на Исламската...

Македонија5 часа

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата5 часа

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет9 часа

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ13 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија13 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија14 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет14 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет15 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет16 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет16 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа1 ден

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет1 ден

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија2 дена

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион2 дена

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ2 дена

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија2 дена

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ2 дена

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Досие