Контакт

Daily news

Харадинај тврди дека е жртва на политички прогон

Објавено пред

Поранешниот командант на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), Рамуш Харадинај кој од 4-ти јануари не смее да ја напушти Франција поради налогот за апсење кој по него го издаде Србија, изјави во неделата во интервјуто за агенцијата AFP дека е жртви на „политички прогон“.

dobivaj vesti na viber

Лидерот на сега опозициската партија Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, е во притвор во францускиот град Колмар, по апсењето по меѓународната потерница којашто по него ја издаде Србија обвинувајќи го за воени злосторства над српско и не-српско население во нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, а одлуката за тоа дали ќе биде екстрадиран во Белград треба да биде објавена на 6-ти април.

„сите сфатија дека мојот случај е политички. Се надевам дека ќе дојдат до тој заклучок“, вели Харадинај и додева оти смета дека нема да ѝ биде предаден на Србија.

„Во ниту еден момент не помислувам дека ќе ме испратат во Србија. Барањето за екстрадиција не е основано. Жртва сум на вистински политички прогон поради моето залагање за независноста на Косово“, додава.

Од Стразбург, каде што престојува откако беше уапсен на француско-швајцарскиот аеродром Базел – Мулуз и одреден му се судски налог, 48-годишниот Харадинај истапува како решителен политичар, и отворен противник на актуелниот косовски претседател Хашим Тачи, со кого заедно војуваа во текот на судирите со српските сили во 1998/1999 година, оценува AFP.

Агенцијата одава дека го сметаат за заговорник на тврдата струја во Приштина, што е многу популарно на Косово, како и оти е противник на процесот на нормализација на односите со Србија којшто го започна Хашим Тачи.

Против Рамуш Харадинај Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија во Хаг водеше процес за воени злосторства сторени во судирот 1998/1999 година, беше ослободен во 2008 откако му беше судено по 37 обвинувања и потоа повторно ослободен на апелациониот суд во 2012 година.

Харадинај во декември 2004 година беше избран за премиер на Косово, но по сто дена мораше да поднесе оставка за да одговара пред Хашкиот трибунал.

Српските власти сакаат да му судат на Харадинај и издадоа меѓународен налог за апсење врз основ на кој накусо беше уапсен во јуни 2015 година кога минуваше низ Словенија. Го обвинуваат дека во текот на судирите со српските сили неговата единица „Црни орли“ го контролирале пограничниот регион со Албанија, која според Белград измачувала и егзекутирала повеќе десетици српски цивили чиишто тела се најдени во близина на езерото Радоњич, во областа Дечани, во северниот дел на поранешната јужна српска покраина.

Србија еден од поранешните команданти ОВК, го бара поради сомневање дека во 1998 и во 1999 година извршил воени злосторства врз цивили кои не биле опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал по кое Харадинај е правосилно ослободен.

Станува збор за воени злосторства против цивили во ткн. зона на одговорност Дукаѓини во 1998 и 1999-та во областа на Дечани во 1998 година, а сообвинети беа Идриз Баљај и Љах Браимај. Обвинителите на Трибуналот бараа казна од најмалку 20 години затвор, а на крајот од првото судење Харадинај и Баљај во 2008 година беа ослободени од вината, а Браимај беше осуден на шест години затвор.

Повторното судење на Харадинај и сообвинетите започна во август 2005 година, а по една година беа ослободени од вината, и Харадинај и двата негови соработници од ОВК. Во текот на овој судски процес неколку сведоци беа убиени или настрадале во неразјаснети несреќи на Косово или во странство.

Српското обвинителство против Харадинај поднесе 108 кривични пријави, во кои е осомничен за тероризам, здружување поради непријателска дејност и убивање цивили./крај/мф/сн

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет4 часа

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија5 часа

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија7 часа

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ8 часа

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија8 часа

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија11 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет12 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет12 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија1 ден

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија1 ден

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ1 ден

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија1 ден

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет2 дена

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет2 дена

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...