Регион
Хашим Тачи купува артилерија од Германија, со цел да ги запре белградските тенкови

Косовскиот претседател Хашим Тачи има намера да купи оружје од Германија, а целта му е силна артилерија и современо пешадиско вооружување, коментираат српските медиуми.
„Хашим Тачи има намера да купи оружје од Германија, а косовските Албанци сакаат да имаат силна артилерија и современо пешадиско оружје“, пишува белградски Телеграф.
Вечерње новости ги дополнува информациите, тврдејќи дека „властите во Приштина со месеци преговараат со соодветните германски служби за достава на артилериски орудија и на противракетни системи”.
И, додека српските медиуми сметаат дека таквото однесување на Приштина е диктирано од стравот од Армијата на Србија, според аналитичари, Косово бара можност да ги запре тенковите кои владата во Белград може да ги испрати со цел да го заштити српското малцинство, кое живее во северно Косово.
За Вечерње новости српскиот професор за безбедност Радомир Милашиновиќ, вели дека не е исклучено „Косово да се потпира на некој таен договор со Западот, за кој ако во Белград има веродостојни информации тогаш е задолжително да се побара помош од ОН”.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Баба скокнала од мост држејќи го внучето во раце, случајни минувачи го извадиле детето

Полицијата околу 11.20 часот под мост во центарот на Подгорица пронашла тело на жена (62) која била забележана со бебе во Морача.
Детето е извлечено од реката и испратено во Заводот за детски болести, пренесуваат медиумите во регионот.
Како што пишува „Новости“, постои сомневање дека бабата скокнала од мостот во Подгорица, држејќи во рацете машко бебе – внукот. Но, за среќа, веднаш на помош дошле случајни минувачи кои го извадиле детето.
Со брза реакција работниците на градското претпријатие „Зеленило„ Алфи Ибрахимовиќ и Алмир Мујак успеале да го спасат бебето од Морача.
Ибрахимовиќ и Мујак вршеле редовни работни задачи кај мостот кога виделе дека бебето паднало во студената река.
Со брза реакција успеале да го извлечат детето на брегот.
Според написите, детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на лице место, успеал да ја исцеди водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.
Брзата помош брзо реагирала и го пренела момчето во болница.
Регион
Бугари откажале екскурзија во Македонија, се плашеле дека ќе бидат каменувани

Бугарското национално радио (БНР) доби информација за откажана екскурзија во Македонија од група туристи од Ќустендил поради лошиот однос на Македонците кон Бугарите.
„Туристичкото друштво ‘Осогово’ од Ќустендил го откажа патувањето во Северна Македонија и Скопје поради тамошната ситуација и односот кон Бугарите“, соопштиле пријавените во групата, пренесе радиото.
Информацијата ја потврдил и претседателот на друштвото, Христо Абаџиев, кој рекол дека на некои од групата им се вратени парите, а други заминале на разгледување на Кремиковскиот манастир и на знаменитостите кај Софија.
„Екскурзијата на туристичкото друштво беше откажана пред неколку дена по коментарите дека имало случаи на фрлање камења врз автобуси со бугарски туристи во Северна Македонија. До Крива Паланка се патувало мирно, но понатаму биле можни вакви инциденти. Нема официјални информации за таков однос кон бугарските туристи, коментарите се меѓу нашите тур-оператори. Жителите на Ќустендил, кои имаат блиски, пријатели, роднини во Северна Македонија, велат дека односот кон Бугарите со двојно државјанство не е добар“, се вели во прилогот на БНР.
Регион
Курти нападнат од Албанците: „Нè предаде!“

Опозицијата во Косово е незадоволна од постигнатото во Охрид. Средбата меѓу Курти и Вучиќ предизвика реакции во Приштина.
Во Охрид беше постигнат договор за имплементација на договорениот прв дел од договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, рече дека партиите се обврзале да ги почитуваат сите членки и да ги спроведат своите обврски експедитивно и со добра волја.
Приштина, меѓу другото, се обврза веднаш да почне со имплементација на членот 7, кој се однесува на самоуправување на Србите, а спроведувањето на договорот е поединечно вклучено како обврска во преговарачките поглавја за пристапување во ЕУ и за Србија и за Косово.
Албанците му скокнаа на Курти поради овој договор. Иако нема барање за референдум и избори, се најавуваат протести и се бара негова оставка. На опозицијата најмногу ѝ пречи немањето меѓусебно признавање во Охрид, а дополнително, Косово презеде обврска веднаш, како што толкуваат, да формира ЗСО.
Со ист тон и пратеничката на движењето „Самоопределување“, Фитора Пацоли, доцна синоќа изјави дека самоуправувањето не е ниту „заедница ниту здружение, а ниту самоуправа ниту автономија“.
Претседателот на Социјалдемократската партија, Дардан Молиќај, најави дека неговата партија на 25 март ќе организира протест, на кој ќе побара оставка од премиерот на Косово, Албин Курти, поради постигнатиот договор во Охрид.