Контакт

Регион

Хоџај: Демаркацијата со Црна Гора ќе се ратификува деновиве

Објавено пред

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај е оптимист дека парламентарната седница ќе се одржи оваа недела за ратификација на договорот за демаркација на Косово и Црна Гора.

Според него, сите партии ќе постигнат конечен консензус и ќе го ратификуваат договорот, пишува „Газета експрес“. Хоџаj смета дека дури и партиите што ја претставуваат српската заедница ќе гласаат за ратификација на граничниот договор.

„Ние ќе постигнеме целосен политички консензус со владините партнери, како и со другите пратеници што би требало да гласаат за договорот“, рече заменик-премиерот.

Претходно, пратеникот од косовскиот парламент, Блерта Делиу, рече дека демаркацијата набргу ќе биде ратификувана, а преговорите меѓу мнозинските политички сили одат во вистинска насока.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Уапсен лидер на банда криумчари на мигранти преку Западен Балкан

Објавено пред

Од

Во Грција уапсен е лидер на банда криумчари на луѓе, кој, според информациите, бил вмешан во бројни криумчарења на западнобалканската рута од почетокот на кризата во 2015 година. Инаку, според информациите, се работи за државјанин на Србија, кој е уапсен на 12 јуни во Атина, заедно со соучесник, кој е вмешан во изработка на лажни документи, благодарение на заедничката акција на грчката и унгарската полиција и Европол.

Неговото седиште било во Унгарија, а бил вмешан во транспорт на мигранти во 2015 и 2016 година. Како што се наведува, во тоа време бил под истрага на бројни држави-членки на ЕУ, поради неколку инциденти меѓу Унгарија и Германија.

Со истрагата било утврдено дека се преселил во Грција, по затворањето на западнобалканската рута, за да продолжи да се занимасва со криминални дела, поради што било распишана потерница по него.

Прикажи повеќе...

Регион

Се преврте автобус со пензионери во Полска, двајца загинати и 27 повредени

Објавено пред

Од

Најмалку две лица загинаа, а 27 се повредени, откако автобус со пензионери излета од патот во Полска. Во несреќата, животот го загубиле две жени од 65 години, соопштила портпаролката на локалната полиција, Марта Блашовиќ.

Повредените со хеликоптер и амбулантни возила биле пренесени до болница. Властите навеле дека некои од повредените имаат сериозни повреди, но не опасни по живот.

Шефот на регионалните пожарникари, Јануш Халак рекол дека сообраќајната несреќа се случила околу 7 часот во Константинов, на патот кон градовите Гдањск и Сопот на Балтичкото море.

Во автобусот се наоќале 50 пензионери од полското село Бодзанов и оделе на одмор во Сопот. Во тек е истрага за причините за несреќата.

Прикажи повеќе...

Регион

Весели: Договорот за името праведен и смел акт

Објавено пред

Од

Претседателот на собранието на Косово, Кадри Весели, оцени дека постигнатиот договор помеѓу Македонија и Грција за името на Македонија е праведен и смел акт.

„Договорот не само што придонесува за добрите билатерални односи на двата соседа туку има големо значење и за мирот и стабилноста на целиот регион. Тој притоа наведува дека е радосен и за сонародниците во соседната земја бидејќи сега патот кон интеграциите е деблокиран.

Косовските медиуми нагласуваат дека новото име на Македонија, Северна Македонија, отвора големи песпективи за државата која е блиску до членството во НАТО и ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите повикаа на протест утре во 11 часот

Насобраните граѓани пред Собранието повикаа утре во 11 часот на протест поради промената на името и Уставот, кога започнува седницата...

Македонија6 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија7 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија11 час

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија13 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија14 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија14 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија15 часа

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија16 часа

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија16 часа

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика16 часа

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија17 часа

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Македонија17 часа

Запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Запален е автомобилот на пратеникот на СДСМ од Прилеп, Хари Локвенец. Инцидентот се случил по објавувањето на фотографиите од Преспа...

Свет18 часа

Mинибус влета во посетителите на концерт во Холандија

Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот...

Свет18 часа

(Видео) Тројца загинати и над 200 повредени во силен земјотрес во Јапонија

Најмалку три лица загинаа, а над 200 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер кој ја...

Македонија1 ден

МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства, приведени 25 лица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од...

Македонија1 ден

Повредени седум полицајци и две жени на протестите пред Собранието

Седум полицајци и две жени завршија со повреди за време на протестите што вечерва се случија пред Собранието. Од Ургентниот...

Македонија1 ден

Полицијата со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите пред Собранието

Единицата за брзо распоредување со шок бомби и солзавец ги растера демонстрантите од протестот против промена на името пред Собранието...

Досие