Контакт

Регион

Хоџај: Формирање на ЗСО кога Косово ќе влезе во Обединетите нации

Објавено пред

Заменик-премирот на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека создавањето на Заедницата на српските општини треба да се оствари паралелно со членството на Косово во Обединетите нации.

Хоџај за Радио „Слободна Европа“ рече дека Косово не треба да избрзува со формирањето на ЗСО и таа треба да стане функционална кога Косово ќе добие место во Обединетите нации како полноправна членка.

„Бидејќи Асоцијацијата (ЗСО) има за цел да ја унапреди положбата на Србите на Косово, мислам дека нејзиното формирање де факто треба да се случи паралелно со членството на Косово во Обединетите нации, кога Косово ќе добие правен статус и целосно меѓународно признавање“, рече Хоџај.

Според него, не е задолжително прашањето за ЗСО да биде вклучено во пакетот за финалниот договор во врска со дијалогот со Србија, туку треба да се води како паралелен процес.

Владата на Косово соопшти дека предлогот за ЗСО и директивата за нејзино формирање ќе бидат доставени на мислење во Уставниот суд на Косово

 

Регион

Вучиќ до Меркел: Важно е Германија да остане на ставот за укинување на таксите од Приштина

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денес во телефонски разговор со германаската канцеларка, Ангела Меркел, се заблагодарил за континуираната поддршка на Германија за евроинтеграциите на Србија, особено со оглед на германското претседателство со ЕУ во втората половина на следната година, пренесоа српските медиуми.

Според информациите, Вучиќ изразил потреба од јасен план за проширувањето на ЕУ и временска рамка за членството бидејќи, како што рекол, процесот на евроинтеграциите на Западен Балкан е важен за мирот и стабилноста во регионот.

Српскиот претседател во разговорот исто така порачал дека би било важно за Германија и за Европа да останат на ставот дека е неопходно приштинските власти да ги укинат таксите на производи од Србија со цел да се продолжи дијалогот.

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Рамa повика на враќање на луѓето коишто поради земјотресите избегаа во Косово

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама утрово, откако оствари вонредна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита, Беси Шахини и Огерта Манастирлиу, да ги повикаат и да ги вратат луѓето коишто поради последиците од разорниот земјотрес се засолнија во Косово.

Рама рече дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување, пренесува РТК.

„Во хотелите се сместени 4.000 лица, 254 се во вежбалници 6.323 се под шатори, 395 се во здравствени центри и 783 се во Косово. Беса и Огерта ќе ги посетат нашите луѓе во камп во Косово и ќе им понудат да се вратат, за нив е обезбедено хотелско сместување“, рече Рама.

Тој додаде дека уште 436 лица биле пријавени во разни засолништа и дека вкупниот број е 12.366.

Прикажи повеќе...

Регион

Во пожар во бегалски камп на Лезбос настрада едно лице

Објавено пред

Грчките власти соопштија денеска дека едно лице настрадало во пожар што изби во бегалски камп на источниот егејски остров Лезбос.

Противпожарната служба наведе дека мал пожар избил во кампот Кара Тепе.

Пожарот го гаселе осум пожарникари со две возила, пренесе АП.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Низ цела Франција синдикатите започнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е...

Македонија4 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија4 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија5 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија8 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура8 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион9 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет9 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија9 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет10 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт10 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа11 час

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет11 час

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет11 час

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион11 час

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија21 час

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Досие