Контакт

Регион

Хрватската влада и синдикатите постигнаа договор, училиштата од утре почнуваат со работа

Објавено пред

По 37 дена штрајк и повеќедневни маратонски разговори меѓу хрватската влада и синдикатите за образование, денеска беше постигнат договор, а се очекува училиштата да почнат со работа утре.

По вчерашните шестчасовни преговори, денешната средба на премиерот Андреј Пленковиќ со синдикатите траеше само еден час, а потоа беше постигнат компромис.

Пленковиќ по разговорите со претставниците на синдикатите за образование рече дека е постигнат договор, што ќе овозможи штрајкот да биде прекинат утре наутро и дека ќе почне нормалното предавање во целата Хрватска.

Тој рече дека е постигнат квалитетен компромис во интерес на децата, учениците, родителите, наставниците и нормалното функционирање на образовниот систем.

Од 1 декември коефициентот на просветните работници се зголемува три отсто. Второто зголемување од еден отсто ќе биде на 3 јуни. Уште два отсто ќе бидат додадени на платите од 1 јануари 2021 година.
За ненаставниот персонал ќе бидат потпишани анекси кон гранскиот колективен договор, со важност до декември 2022 година. Преку уредби за коефицитите ќе се реши прашањето за секретарите, сметоводителите, како и директорите.

Регион

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Објавено пред

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, и додаде дека оваа форма на соработка е поддржана од Европската Унија.

Одговарајќи на прашања во врска со летот Белград-Приштина, дали тоа е заслуга на Америка или Европа и дали ЕУ го смета за домашен или меѓународен лет, Стано рече дека тој го гледа само како комерцијален лет, пренесува Н1.

„Нема ништо ново да се каже за статусот. Тоа е долгорочна позиција на ЕУ и започнувањето на комерцијален лет нема да го промени ставот за статусот. Ова е тема што треба да го преземе централното место во дијалогот Белград-Приштина“, рече Стано.

Прикажи повеќе...

Регион

Белгија го испорача во БиХ исламистот поврзан со масакрот во Париз

Објавено пред

Белгија ѝ го испорача Адис Абаз, исламистот што се поврзува со терористичките напади во Париз во 2015 година, на Босна и Херцеговина, пренесува српски „Курир“.

Екстрадицијата на Абаз за сараевски „Дневни аваз“ ја потврди неговиот адвокат Сенад Крехо, кој посочи дека неговиот клиент во неделата бил испорачан по барање на правосудството на БиХ, кое го товари за нелегална трговија со наркотици.

Зеничанецот Абаз беше ставен во притвор во Белгија минатата година по апсењето во Германија. Белгиските власти го сомничеа за вмешаност во продажбата на оружјето со кое исламските терористи во ноември 2015 година го нападнаа парискиот клуб „Батаклан“ извршувајќи масакр, во кој загинаа повеќе од 130 лица, а 400 беа повредени.

„Абаз во Белгија е ослободен од сите обвиненија за поддршка на терористите и со продажбата на оружјето“, рече Крехо.

Медиумите наведуваат дека Абаз е поврзан со меѓународниот шверцер на оружје Николас Грбеш, кој има хрватско и белгиско државјанство. Грбеш беше уапсен во Сараево во ноември 2018 година, а потоа екстрадиран во Белгија.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија се подготвува за корона вирусот, апелира да не се патува каде што има зараза

Објавено пред

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека нема место за паника во Србија за новиот корона вирус што се појави во Кина кон крајот на минатата година, а од кој починаа повеќе од 200 луѓе досега, но дека ќе биде зајакната контролата на српските гранични премини.

Лончар изјави дека српското Министерство за здравство е во контакт со Светската здравствена организација, но дека не стигнале некои позначајни препораки од Организацијата, како што е забрана за патување.

Сепак, министерот апелира до сите што живеат во Србија да не одат без итна потреба во областите каде што се појави корона вирусот, чии симптоми се висока температура, истоштеност и отежнато дишење.

Доколку тие веќе заминале или се вратиле од овие области во Србија и имаат какви било симптоми, министерот обрна внимание да се јават навреме на лекар и истакна дека контролата на граничните премини ќе биде засилена.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура9 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет10 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт10 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет11 час

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион14 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет15 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија17 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија17 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија18 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија18 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет19 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет21 час

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет21 час

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија21 час

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион21 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава1 ден

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија1 ден

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија2 дена

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија2 дена

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија2 дена

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Досие