Контакт

Регион

Хрватска – ниту едно вакцинирано лице не починало од коронавирус

Објавено пред

Ниту едно вакцинирано лице во Хрватска не починало од последици на коронавирусот, покажуваат податоците на хрватскиот Институт за јавно здравје, пишува „Јутарњи лист“.

Анализата е направена врз основа на податоците за сите лица вакцинирани до 10 мај, вкупно 882.120, чиј статус е проверен три недели подоцна, на 1 јуни.

Од сите вакцинирани лица, 8.423 се заразиле по примањето на првата доза, што е нешто помалку од еден процент од вкупно вакцинираните. По целосната вакцинација, односно по примени две дози, се разболеле 1.146 лица.

Од вакцинираните со две дози, 149 се хоспитализирани, или 13 проценти од оние што се разболеле и покрај вакцината, а меѓу вакцинираните со една доза околу 9 проценти завршиле во болница.

Ниту едно вакцинирано лице не починало.

Мирослав Венус, претседател на Хрватското епидемиолошко друштво, објаснува дека се очекува помалку од вакцинираните лица да се разболат, како што е случај со сите вакцини, но клучно е дека вакцината штити од смрт и тешка форма на болеста.

„Ова е доказ за сите самопрогласени експерти, ова е практично искуство за сите оние што сметаат дека вакцината не е доволно истражена. Ако Ковид-19 беше настинка или блага температура, тогаш не би ни требало ни вакцина. Ниту јас не би се вакцинирал ако болеста беше таква, но ова е смртоносна болест“, вели Венус, пренесува „Јутарњи лист“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Никаде без потврда, нови мерки во Црна Гора за спречување на заразата од Ковид-19

Објавено пред

Црногорската влада донесе нови мерки за спречување ширење на коронавирусот, кои ќе важат од денес до 20 август.

Влегувањето во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки, е дозволено само со најмалку еден од следните четири докази: дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза вакцина, да има негативен ПЦР-тест на Ковид-19, кој не е постар од 72 часа, доказ дека лицето го прележало Ковид-19, доказ за негативен брз тест за антиген, не постар од 48 часа.

Еден од овие услови мора да исполнуват сите вработени во угостителството, рече директорот на ИЈЗЦГ, Игор Галиќ.

Сопствениците на објектите се должни да назначат лице што ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.

Малолетниците не се обврзани кон исполнување еден од горенаведените услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови, велат властите.

Под истите услови дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не може да се контролираат се одложени за 20 август.

Прикажи повеќе...

Регион

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Објавено пред

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна на Северна Македонија, Србија и Албанија.

„Веруваме дека таквата тесна соработка меѓу земјите од Западен Балкан придонесува за стабилноста и развојот на регионот“, се наведува во изјавата на претставниците на вишеградската група.

Како што е посочено, земјите од вишеградската група продолжуваат да го поддржуваат забрзувањето на процесот на проширување на ЕУ.

Изјавата ја потпишаа министрите за надворешни работи на вишеградската група, Петер Сијарто, од Унгарија, Јакуб Кулханек од Чешка, Иван Корчок од Словачка и Збигњев Рау од Полска.

На вчерашниот самит во Скопје, премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја преименуваа регионалната иницијатива „Минишенген“ во „Отворен Балкан“ и потпишаа три договори што ќе ја олеснат трговијата во регионот и овозможуваат единствен пазар на труд, но и заемна помош во итни ситуации, потсетуваат медиумите во регионот.

Прикажи повеќе...

Регион

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Објавено пред

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на Берлин, соопштија германските медиуми.

Според неофицијални информации, возачот сакал да сврти на паркингот, но удрил во заштитната ограда и излетал од патот по што автобусот се превртел.

Германските медиуми пишуваат дека автобусот е од Србија. Патувал од Белград преку Берлин до Стокхолм. Според „Билд“, повеќе од 70 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.

„Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбулантни возила се на должност. Покрај тоа, пристигна и противпожарна единица со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правца“, пишуваат медиумите.

Според полицијата, двајцата возачи добиле сериозни повреди, како и еден патник. Сѐ уште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие се од Германија, Србија, Шведска и од Израел.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион14 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија16 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија17 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија17 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија19 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија20 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ21 час

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ22 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет22 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ23 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет24 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет1 ден

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија1 ден

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет1 ден

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет2 дена

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет2 дена

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија2 дена

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија2 дена

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Досие