Контакт

Регион

Хрватска повлекува од продажба замрзнати лигњи заразени со ешерихија коли 

Објавено пред

Хрватска повлекува замрзнати лигњи заразени со ешерихија коли. Хрватското Министерство за земјоделство ги известува потрошувачите дека се повлекуваат замрзнати лигњи FROZY од шпанскиот производител „Пескадиона“ поради присуство на бактерии.

Лабораториските анализи покажале дека бројот на бактерии во 100 грама на спорниот производ има вредност над 10³ бактериски станици, што е доволно да предизвика инфекција и да влијае на здравјето на луѓето. Иако станува збор за замрзнат производ, бројот на бактерии може да се зголеми особено ако лигњите се одмрзнуваат на собна температура.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Меркел телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, разговарала телефонски со премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Темата и детали од разговорите не се соопштени.

Од прес-службата на Меркел потврдиле за германските медиуми дека канцеларката разговарала со двајцата премиери, без да соопштат детали.

Германските медиуми коментираат дека разговорите се извршени два дена откако Заев на македонската јавност ѝ соопшти дека предлогот за името е Република Илинденска Македонија и студениот туш од Атина преку одговор од грчката Влада дека треба да се најде име кое ќе има географска или временска одредница.

Меркел минатата недела на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија имаше одвоени средби со Заев и Ципрас, по што порача дека преговорите напредуваат. Меркел тогаш уште еднаш потврди дека преговорите на Македонија со ЕУ директно зависат од решението на спорот со Грција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Коѕијас бара прифаќање на еден од предлозите на Нимиц

Објавено пред

Од

Грција ја поддржува потребата да се прифати едно од имињата што ги предложи медијаторот Метју Нимиц. Ова го изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, за грчките медиуми, за време на средбите во Вашингтон.

„Не се согласуваме со петтото име од предлозите на Нимиц“, изјави Коѕијас, мислејќи на предлогот Република Македонија (Скопје) што претходно беше отфрлен од страна на Грција.

Со оваа изјава и Коѕијас индиректно го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“ за кој се заложи македонската Влада.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Македонија и Албанија се во незавидна ситуација

Објавено пред

Од

Македонија и Албанија се во многу незавидна ситуација, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред новинарите во Баку.

„Наверојатно во јуни ќе бидат пофалени за да не изгледа дека е катастрофа и не добиле ништо, но нема да им се овозможи да ги почнат преговорите“, вели Вучиќ.

Во однос на Србија, претседателот рече дека не се знае дали ќе остане 2025 година како рок за влез на земјата во Европската Унија.

„И ЕУ е свесна дека дури и да ги исполниме сите обврски – владеење на правото, слободи и така натаму, останува најтешкото прашање – односите со Приштина. Никој не знае дали ќе дојде до таму, можеме само да претпоставуваме“, рече Вучиќ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија5 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија8 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија8 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија8 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија8 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија11 час

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news11 час

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава12 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести13 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија14 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија1 ден

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие