Контакт

Регион

Хрватска ја скрати самоизолацијата на десет дена

Објавено пред

Хрватскиот институт за јавно здравје објави нови критериуми за тестирање на коронавирусот, прекинување на изолацијата и карантин.

Според новите регулативи, самоизолацијата е скратена од две недели на 10 дена.

„Според одлуката на експертската група на кризниот штаб на Министерството за здравство, самоизолацијата на лице што е во близок контакт со болен пациент од Ковид-19 е скратена од 14 на 10 дена. Исклучок се луѓето што работат во институции за сместување и престој за стари и сериозно болни возрасни лица и лица со попреченост, чиј карантин трае 14 дена“, се наведува во одлуката, а пренесува „Индекс“.

„Веќе некое време се зборува за скратување на самоизолацијата од 14 на 10, објавен е документ вчера. Пред некое време изолацијата беше скратена, а од вчера имаме ваква одлука во врска со самоизолацијата. Сега се 10 дена и самоизолацијата и изолацијата“, откри Ивана Павиќ-Шиметин, заменик-директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Србија сè поблиску до заклучување – над 5.000 заразени и 38 починати во еден ден

Објавено пред

Во последните 24 часа, во Србија 15.061 лице биле тестирани за коронавирус, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале поради компликации, што според тамошните медиуми, е рекорден број на смртни случаи во еден ден.

Во здравствените установи низ Србија има 216 пациенти на респиратори. Вчера во Србија имаше рекорден број на новозаболени лица, 6.254.

Денеска се состана и Кризниот штаб за вонредни состојби на Белград и донесе одлуки кои главно се однесуваат на градскиот превоз. Одлучено е да има повеќе автобуси во оптек со цел да се намали метежот во јавниот превоз.

Што се однесува до наставата преку интернет, членот на Кризниот штаб Срѓа Јанковиќ утрово изјави дека засега не е време училиштата во Србија да преминат на онлајн настава.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Србија е сè поблиску до затворање, иако со подобро придржување кон мерката за носење маски, властите велат дека државата би ја избегнала ситуацијата за воведување на построги ограничувања.

Прикажи повеќе...

Регион

Шест години ja чувал мртвата мајка во стан и ја примал нејзината пензија

Објавено пред

Словенечката полиција уапси 67-годишен маж, кој шест години ја криел смртта на својата мајка и ја подигал нејзината пензија. Нејзиното тело било пронајдено во стан во Љубљана кога роднините го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција.

Полициската управа во Љубљана наведува дека на крајот на минатата недела роднините на исчезнатата 97-годишна старица го пријавиле случајот како сомнителен затоа што 67-годишниот маж, односно син одговорен за нејзината грижа, ги спречувал сите контакти.

Со понатамошно собирање информации полицијата го пронашла телото на бараното лице во стан во Љубљана. Според досега познатите податоци, смртта се случила пред шест години, а причината за смртта сè уште не е позната, велат од полицијата.

Осомничениот ги уверувал роднините дека е жива, а бидејќи имал полномоштво, тој ги подигал приходите од нејзините сметки, како и нејзината пензија, пишуваат медиумите.

Од полицијата наведуваат дека уапсеното лице е осомничено за кривично дело сквернавење мртво тело, за предизвикување смрт со занемарување и за измама.

Според телевизиската станица ПОП-ТВ, неофицијално се знае дека синот го чувал мртвото тело на мајката шест години во стан, на другите роднини им тврдел дека таа не сака да комуницира со нив, а во меѓувреме редовно ѝ ја подигал пензијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 1.973 нови случаи на коронавирус и 45 починати

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.973 нови случаи на коронавирус, починаа 45 лица, а бројот на активни случаи е 19.275.

Меѓу нив, 2.060 пациенти се во болница, од кои 235 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 105.691 лице се заразени со новиот коронавирус, од кои 1.398 починале, а 85.018 оздравеле, од кои 2.638 во последните 24 часа.

Во моментот има 40.083 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 683.104 лица, од кои 6.139 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија4 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион5 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа6 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија6 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион6 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија7 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа7 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион8 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа8 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија9 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет10 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет10 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет10 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет21 час

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија22 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија22 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет22 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет23 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион1 ден

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Досие