Регион
Хрватскиот премиер им наредил на министрите да дојдат на миса во недела

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на последната владина седница побарал од сите министри да дојдат на миса во недела по повод Денот на државноста на Хрватска.
“22 јуни е ден на антифашистичка борба и на овој начин ќе го покажеме ставот за антифашизмот и за Втората светска војна. Најважен настан неделава е Денот на државноста така што ве очекувам сите вас и на мисата и на приемот што ќе ги организира претседателот“, им наредил Пленковиќ на членовите во владата.
“Господинот Пленковиќ почнува да се однесува теократски, тоа не е во согласност со демократските текови на денешните заедници, особено што ова не е еднопартиска влада туку во неа има и демохристијани”, ја искоментира изјавата на Пленковиќ аналитичарот Жарко Пуховски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Еди Рама ја зграпчи и ја бакна италијанската премиерка, опозицијата вели дека се однесувал како холивудска ѕвезда

Албанскиот премиер Еди Рама со денови ги полни колумните на локалните и странските медиуми откако се појави видео на кое се гледа како ја бакнува во образот италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Гестот на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина.
Во видеото Рама ѝ приоѓа на Мелони одзади, по што тој ја фаќа за вратот и силно ја бакнува во образот.
Neměla bych náhodou pracovat pro bulvár?
Podařilo se mi zachytit, jak albánský premiér Edi Rama pomuckal italskou premiérku Giorgiu Meloni.#EPCMoldova pic.twitter.com/NuXbN8xU73
— Aneta Zachová (@AnetaZachova) June 1, 2023
„Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја „нападна“ италијанската премиерка Џорџија Мелони“, напиша на Твитер новинарката Анета Захова.
Опозицијата го коментираше потегот на Еди Рама и порача дека премиерот се однесувал како холивудска ѕвезда на црвен тепих.
„Рама ја бакна Мелони, но не ја зголеми пензијата. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели, но што има за народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови“, изјави поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Романија, бил почувствуван и во Белград

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија.
Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Белград, пишува „Блиц“.
„Можам да се заколнам дека земјотресот се почувствува во Белград“, „Многу силно се почувствува во Клуж-Напока. Живеам на третиот кат. Траеше околу 20 секунди“, се дел од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 31 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/kjIaE0PEb1— EMSC (@LastQuake) June 6, 2023
Регион
Бугарскиот парламент ја избра новата влада на чело со Денков

Бугарскиот парламент денеска изгласа нова влада на чело со Николај Денков.
За владата на премиерот Денков во 240-члениот парламент гласаа 132 пратеници.
На овој начин заврши двегодишната политичка блокада, а новата влада треба да спроведе реформи кои оваа балканска земја би ја однеле во евро и шенген зоната, објави Ројтерс.
„Денес можеме да им дадеме надеж на милиони Бугари кои сакаат нашата земја да има нормална влада“, рече Денков и додаде дека неговиот кабинет ќе има „храброст и експертиза да донесе важни одлуки и да сноси одговорност за нив“.
Денков посочува дека прва задача на неговиот кабинет ќе биде да обезбеди парламентарна поддршка за буџетот за 2023 година.
Неговата политичка коалиција, предводена од партијата „Промената продолжува“, која на изборите во април го освои второто место, ќе ја предводи владата во наредните девет месеци.
Потоа премиерската функција ја презема поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на партијата ГЕРБ, според коалицискиот договор што го потпишаа ГЕРБ и „ПП“.
На изборите на 2 април во 240-члениот парламент, ГЕРБ беше прва со 69 мандати, а блокот „ПП“ освои 64 пратенички места.
Агенцијата посочува дека политичката неизвесност ја натера Бугарија да го одложи планираниот датум за усвојување на еврото, а допрва треба да го одобри предлог-законот за буџетот за тековната година.