Контакт

Регион

Хрватскиот премиер негативен на коронавирус

Објавено пред

Премиерот Андреј Пленковиќ се тестира за присуство на коронавирус во неделата и тестот беше негативен, потврди портпаролот на хрватската влада, Марко Милиќ.

Премиерот се тестира бидејќи во саботата се одржа состанок во владата, на кој присуствуваше и министерката за туризам и спорт, Николина Брњац, на која вчера ѝ беше дијагностициран коронавирус.

„Во согласност со препораките на епидемиолозите, премиерот Андреј Пленковиќ вчера изврши тест за присуство на коронавирус. Наодот е негативен“, објави владиниот портпарол Марко Милиќ.

Во саботата владата одржа состанок за подготовка на Националната стратегија за развој на Република Хрватска до 2030 година и Националниот план за обновување и издржливост, како и за борбата против Ковид-19, а учествуваше и министерката Брњац.

Брњац одлучи да се тестира во недела кога ги почувствувала симптомите на болеста. Таа е во добра здравствена состојба со лесна клиничка слика, изјави владиниот портпарол.

Самоизолација им беше изречена на министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, Јосип Аладровиќ, и на министерот за економија и одржлив развој, Томислав Чориќ, кои седеа покрај министерката Брњац. На другите присутни им беше дадена мерка за пасивен надзор и препорака за засилен здравствен надзор, со задолжително тестирање на коронавирусот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Фајзер“ инвестира во Грција, отвора работни места за 600 луѓе

Објавено пред

Компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“ постигнаа голем успех, тие развија вакцина против Ковид-19, околу 95% ефикасна, која за прв пат ја регистрираше Велика Британија, од сите земји во светот.

На дебатата, во рамките на 31-от Економски самит во Грција, на кој присуствуваше и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, беше речено дека овој гигант од САД планира да инвестира во Грција и нејзината економија.

Имено, Бурла изјави дека неговата компанија во иднина ќе работи на развој на својата дигитална инфраструктура, а изборот падна на Солун, како еден од центрите на „Фајзер“.

Тој додаде дека, и покрај пандемијата што предизвика доцнење, 200 лица ќе добијат работа во Солун до крајот на годината, бидејќи, како што рече, тој е многу задоволен од нивните таленти и способности.

Бурла забележува дека 15-20% од апликациите за работа што ги прими Фајзер доаѓаат од Грци кои ја напуштија својата земја за време на кризата и сега сакаат да се вратат.

Всушност, тоа исто така открива дека концептот на „Фајзер“ вклучува создавање на втор центар во Солун што интерно ќе и служи на компанијата и ќе вработи уште 350 лица. Двата центри првично ќе имаат околу 600 работници.

Целта, продолжува Бурла, е двојно да се зголеми тој број.

„Гледаме како се менува околината во Грција. Тоа е земја што ве поканува да инвестирате во неа и јас сум многу среќен поради тоа, бидејќи тоа е моја земја. И знам дека светската заедница чувствува исто“, заклучи Бурла.

Прикажи повеќе...

Регион

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Објавено пред

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) за лабораториско тестирање, пишува „Новости“ и потсетува дека е предадена документација за регистрација и на вакцината што ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.

АЛИМС соопшти дека сите постапки во врска со контролата и регистрацијата на потенцијалната вакцина ќе се спроведат што е можно поскоро, бидејќи сите подготовки за тоа се веќе завршени.

Отворена е и можноста за заедничко руско-српско производство на „Спутник 5“, за што премиерката Ана Брнабиќ разговарала со рускиот министер за индустрија и трговија, пренесува „Новости“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно најави дека можно е вакцинацијата да почне пред Нова година, а први што ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници.

Прикажи повеќе...

Регион

Силен земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција.

Управата за катастрофи и вонредни ситуации АФАД соопшти дека нема непосредни извештаи за жртви или материјални штети од потресот, кој бил на длабочина од 20 километри во 8.45 часот по локално време.

Турција, која се наоѓа на трусно подрачје, оваа година веќе ја погодија два силни земјотрси – еден минатиот месец го потресе западниот пристаништен град Измир, при што загинаа 117 луѓе, и вториот во провинцијата Елазиг, кога загинаа 41 човек.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија23 минути

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет30 минути

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион1 час

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ1 час

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа2 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет3 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет3 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион3 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа14 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет15 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт15 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија16 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија17 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија20 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет20 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија22 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија22 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија22 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија23 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Досие