Контакт

Регион

Хрватскиот претседател го осуди палењето на кукли од геј-двојка со дете

Објавено пред

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ остро го осуди палењето  кукли од геј-двојка со посвоено дете на карневалот во Имотски, велејќи дека тоа е тажен, нехуман и тотално неприфатлив чин во текот на карневалските денови.

„Организаторите кои го приредија срамниот настан, повикувајќи се притоа на традицијата, заслужуваат најсилна осуда во јавноста поради ширење омраза кон другите. Нетолеранцијата и нечовечноста немаат место во хрватската традиција“, порача Милановиќ на својот фејсбук-профил.

Регион

Бројот на починати од коронавирус во Грција се искачи на 50, заразени се 1.415 лица

Објавено пред

Грција објави 101 нови потврдени случаи на коронавирус во земјата, со што вкупниот број достигна 1.415 случаи, при што смртните случаи се зголемија на 50, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Од новите инфекции, 20 биле потврдени на брод со 383 патници и членови на екипажот што е закотвен на пристаништето во Пиреас.

Во својот дневен брифинг за новинарите, епидемологот Сотирис Циодрас додаде дека 90 лица во моментот се на интензивна нега, а извршени се тестови на 17.350 лица.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Србија ги затвора обложувачниците, казината, вежбалниците, фризерските салони…

Објавено пред

Српската влада донесе нови мерки во борбата со ширењето на коронавирусот.

„Танјуг“ пренесува дека Владата донела одлука за затворање на сите објекти кои подразбираат близок физички контакт, како што се фризерски и козметички салони, фитнес-клубови, вежбалници…

Донесена е одлука и за затворање на сите обложувачници и казина. Од денеска тие може да работат само преку електронски пат.

Српската влада одлучи знамињата на сите јавни институции од денес да бидат спуштени на половина копје, на неодредено време.

Одлучено е и за одредени професии домашната самоизолација да важи 14, наместо 28 дена, а тоа се однесува на здравствените работници, како и за припадниците на Министерството за внатрешни работи и војската.

„Своите работни задачи ќе продолжат да ги извршуваат со целосна заштитна опрема и нивната здравствена состојба редовно ќе се следи“, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија нови пет смртни случаи од Ковид-19, досега вкупно 28

Објавено пред

Во Србија во последните 24 часа регистрирани се нови 160 лица заразени со коронавирус и пет нови смртни случаи, објавија денеска здравствените власти.

Досега има 1.060 инфицирани и 28 починати.

Во однос на петтемина починати, соопштено е дека станива збор за машки лица, со просечна старост од 61,2 година и дека сите имале и други здравствени тешкотии, кои придонеле за фаталниот исход.

Досега во Србија тестирани се 4.371 лице, а од заразените 72 се на респиратори.

Од досега починатите има 21 маж и седум жени, со стапка на смртност од 2,64 процента.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Димитров првпат ќе ја претставува земјава на состанок на НАТО како полноправна членка

По покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, првпат ќе ја претставува Република...

Свет1 час

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија12 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија13 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус, според извештајот проблем биле дебелината и високиот притисок

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија16 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија16 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија17 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија18 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија18 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија19 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија19 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет19 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет20 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија21 час

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија21 час

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет21 час

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа22 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа23 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет23 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет23 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Досие