Контакт

Регион

Хрватскиот тајкун Тодориќ набргу на слобода, плати милион евра кауција

Објавено пред

Одбраната на Ивица Тодориќ плати милион евра кауција, па, според тоа, осомничениот поранешен сопственик на „Агрокор“ набргу би можел да биде пуштен на слобода, објави „Телеграм“.

Минатата недела Окружниот суд во Загреб му одреди гаранција од милион евра на Тодориќ како услов за излегување од истражниот затвор.

Во првиот момент одбраната тврдеше дека Тодориќ нема толку пари, но досега очигледно успеал да го собере целиот износ и да го уплати во готово.

Регион

„Хјуман рајтс воч“: Хрватска илегално и насилно ги враќа бегалците во Босна и Херцеговина

Објавено пред

Хрватската полиција ги враќа мигрантите и бегалците назад во Босна и Херцеговина, во некои случаи насилно, не давајќи им можност да побараат азил, објави „Хјуман рајтс воч“.

Организацијата со седиште во Њујорк разговарала со 20 луѓе, вклучувајќи и едно момче без придружба, а тие откриле дека хрватската полиција ги депортирала во Босна и Херцеговина без да го процесуира нивниот случај.

Шестнаесет лица, вклучувајќи жени и деца, тврдат дека полицијата ги тепала со пендраци и ги удирала, а им ги украла паричниците или уништила мобилните телефони.

„Хрватска има обврска да ги заштити барателите на азил и мигрантите“, истакна Лидија Гал, истражител на организацијата за Балканот и Источна Европа.

Прикажи повеќе...

Регион

„Блиц“: На пролет вонредни парламентарни избори во Србија

Објавено пред

Србија на пролет би можела да спроведе вонредни парламентарни избори, пишува „Блиц“ и додава дека српскиот претседател и претседател на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, разговарал со соработниците дека е сè поблиску до носењето на оваа одлука.

Според сознанијата на весникот, Вучиќ во неделата разговарал со раководството на партијата и пред нив порачал дека е подготвен веднаш по локалните избори во декември да донесе одлука за распишување вонредни парламентарни избори.

Вучиќ им дал насоки на сите органи во партијата да бидат подготвени за изборите кои би се одржале на пролет, наведе „Блиц“.

Доколку бидат распишани, тоа ќе бидат четврти парламентарни избори од 2012 година, откако СНС е на власт.

Прикажи повеќе...

Регион

Приштина подготвува нови мерки против Србија

Објавено пред

Авин Арифи, советникот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и шеф на преговарачкиот тим во дијалогот со Белград,  изјави за „Експрес“ дека Приштина подготвува нови дополнителни мерки против Србија, но не може да потврди дали тие ќе бидат усвоени денеска на седница на Владата.

Како што пренесуваат медиумите, се разгледува воводување на три дополнителни санкции или забрана за влез на возила со српски регистарски таблички бидејќи тоа важи и за косовските таблички во Србија, непризнавање на српските документи и забрана за увоз на стоки кои се од странски компании, но се пакуваат во Србија, пишуваат приштинските медиуми.

Претходно Хаки Шатри, економски советник на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека одлуката сè уште не е донесена, но дека се дискутира за тоа.

„Во прашање се три мерки кои се слични на мерката за таксите од 100 отсто, а кои се однесуваат на признавањето документи, на забраната за влез на возила со таблички на Србија, како и за регистрацијата на странски компании што го снабдуваат Косово од Србија“, додаде тој.

На 21 ноември Владата на Косово воведе нови царини од 100 проценти на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, со цел, како што беше објаснето во тоа време, зајакнување на домашното производство, економијата и косовската државност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија51 минута

Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток1 час

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија2 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија3 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа3 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет5 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија5 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа16 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија20 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија20 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија22 часа

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија22 часа

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ23 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток1 ден

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија1 ден

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Досие