Контакт

Регион

Хрватските граничари тепаат мигранти, обвинува Црвениот крст

Објавено пред

Црвениот крст денеска предупреди за наводите за насилство што граничарите во Хрватска го вршат над мигрантите кои се обидуваат да влезат во земјата од соседна Босна и Херцеговина.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) соопшти дека десетици лица кои се обидуваат да ја преминат границата секојдневно се лекуваат од повреди.

Портпаролката на ИФРЦ, Никол Робишо, денеска изјави дека некои мигранти се пожалиле дека биле претепани од хрватските граничари, но ИФРЦ не може да го провери тоа.

Регионалниот директор на ИФРЦ за Европа, Симон Мисири, истакна дека владите мора да обезбедат достоинство и почит за сите луѓе.

„Желбата да се контролира нечија граница не го оправдува насилството”, предупреди Мисири.

Од ИФРЦ велат дека повеќе од 8 000 луѓе влегле во Босна оваа година, што е за осум пати повеќе отколку во 2017 година, вклучувајќи и околу 3 000 во изминатите четири недели, а многумина доаѓаат од Авганистан, Пакистан, Иран или Сирија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

НАТО ги поддржува КБС со нивниот сегашен мандат

Објавено пред

НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили (КБС) со нивниот сегашен мандат, и ако овој мандат се менува, Северноатлантскиот совет ќе треба да го преиспита нивото на ангажманот на НАТО на Косово, изјави официјален неименуван претставник на НАТО.

Тоа во одговор преку е-пошта до британската агенција „Ројтерс“, во врска со одлуката на Собранието на Косово за трансформација на КСБ во армија, изјави дека косовските власти треба да одлучат за каква било промена во структурата, мандатот и мисијата на КБС.

„НАТО ги поддржува КБС во нивниот сегашен мандат. Ако тој мандат биде променет, Северноатлантскиот совет ќе мора да го преиспита нивото на ангажманот на НАТО на Косово. Не можеме да ги предвидиме одлуките на Северноатлантскиот совет”, рече официјалниот претставник на НАТО.

Косовското собрание претходно вчера ги усвои сите три владини предлози за трансформација на Косовските безбедносни сили. Со донесувањето на овие закони, Собранието практично ги усвои законите за основање на армијата, со уставот на Косово, јави Танјуг. Законите се донесени бидејќи претениците од Српска листа рекоа дека се спротивставуваат на нивното донесување, а потоа тие ја напуштија салата, а истото го сторија и замениците на другите малцински заедници.

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Штрах до Косово: Во Интерпол само по конечно решение

Објавено пред

Австрискиот потпретседател, Хајнц Кристијан Штрах, денеска се изјасни по разговорите со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во Виена, против членството на Косово во Интерпол, како и против формирањето на косовската армија.

На заедничката прес-конференција Штрах рече дека прашањата за членството на Косово во Интерпол и формирањето на армијата не можат да добијат позитивен одговор додека прашањето за Косово не биде решено на ниво на ОН.

Прикажи повеќе...

Регион

Белград и Приштина се пред историска шанса, изјави официјален претставник на Стејт департментот 

Објавено пред

Заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер денеска побара Белград и Приштина да ја искористат историската шанса и да постигнат договор кој ќе трае и кој ќе биде „вин-вин” за двете страни.

Како што рече, сега е време за компромис и за флексибилност.

Палмер истакна дека решението мора да биде добитничко (вин-вин), бидејќи како што истакна, ако тоа биде однос добитник-губитник тогаш нема да има договор.

„Ние не поддржуваме ниту една специфична формула. Апелирам до Србија и Косово да ја искористат историската можност“, изјави официјален претставник на Стејт департментот на белградскиот Форум за безбедност.

Тој рече дека двете страни не можат да го сторат тоа сами, дека меѓународната заедница е таму за да помогне, но дека не може да се наметне однадвор.

САД силно го поддржуваат стабилниот, просперитетен регион интегриран во евро0атлантските организации, заклучува Палмер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија2 часа

Џафери закажал седница за 21 часот

Собранието на РМ вечерва сепак ќе ја одржи седницата за уставните измени, дознава „Макфакс“ од неофицијални извори. Според овие избори,...

Македонија6 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија7 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Македонија8 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија8 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија10 часа

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија10 часа

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија10 часа

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија10 часа

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија10 часа

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа11 час

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија11 час

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион12 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија14 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Македонија1 ден

(Видео) Ченто: Немам намера да го оставам мојот син и да избегам, ве молам, укинете ми го притворот

„Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или...

Досие