Регион
Хрватски граѓани се пријавуваат да ја примат руската вакцина во БиХ

Малиот град Груде во Западнохерцеговскиот кантон на БиХ стана интересен за граѓаните на Хрватска по повикот од тамошниот Институт за јавно здравје да аплицираат за руска вакцина против коронавирусот за цена од 25 до 40 конвертибилни марки за доза.
Сплитска „Слободна Далмација“ пишува дека до петокот вечерта во Груде биле регистрирани повеќе од пет илјади имиња, од кои стотици биле хрватски државјани.
„Се плаќа во аптека, ние ги земаме дозите за тој ден според планот за вакцинација и му издаваме сметка на корисникот. Ни требаат само вашите податоци, и тоа е тоа“, рече медицинска сестра од Институтот за јавно здравје во Груде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот на заразени, овој град бележи и зголемен број на пациенти со потешка клиничка слика, а капацитетите на болниците се целосно исполнети, пишува српски „Блиц“.
Има голем број хоспитализирани. Сите капацитети на болниците во областа Пчиња се полни. Расте бројот на пациенти со тешка и умерена клиничка слика. Болести се јавуваат на сите возрасти, претежно меѓу работната популација, но има значителен број на заразени деца од предучилишна и училишна возраст”, изјави за „Блиц“ д-р Слаѓан Станковиќ, епидемиолог во Здравствениот дом во Врање.
Тој вели дека влошената епидемиолошка состојба е резултат на непочитување на мерките, но и поради големиот број на Македонци кои доаѓале на шопинг во Врање.
Регион
Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез во земјата на границата со Италија, Австрија и Унгарија.
Влегувањето во Словенија од Австрија ќе биде можно преку четири големи гранични премини кои ќе бидат отворени 24 часа, а останатите ќе работи со скратено работно време, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс, додавајќи дека словенечката полиција ќе спроведе засилен надзор на контролните пунктови со Италија, Австрија и Унгарија.
Исто така, од понеделник, 15 март, оние што ќе влезат во Словенија како дневни или неделни работнички мигранти, ќе мора да покажат негативен тест за коронавирусот, не постар од седум дена, што досега не мораше да го сторат, и беа ослободени од задолжителен карантин.
Оние кои повремено ја преминуваат границата за да се грижат за други луѓе, странци кои имаат земјиште во Словенија, како и лица кои влегуваат за образование, исто така ќе мора да направат негативен тест за коронавирусот.
Сите овие категории досега беа ослободени од карантин или задолжително неделно тестирање.
Регион
(Видео) Се урна воен хеликоптер во Турција, загинаа над 10 лица

Најмалку 11 турски војници загинаа во хеликоптерска несреќа што се случи синоќа на истокот од земјата, соопшти турското министерство за одбрана.
Today a Helicopter of the Turkish Air Force(Eurocopter Cougar A532) has crashed in the City of Bingöl which was heading to Tatvan.
9 out of 13 Crewmen has died unfortunately and 4 Crewmen are injured.
Our hearts go out to the loved ones who lost their loved ones. pic.twitter.com/YsOekPQVaH— AceJace (@AceJaceu) March 4, 2021
Во соопштението на Министерство се наведува дека, и покрај сите напори на лекарите, уште еден од повредените војници ја загубил битката за живот, пренесе агенцијата Анадолија. Во несреќата на лице место загинале деветмина од војниците, а двајца им подлегнале на повредите во болница.
Причината за падот на хеликоптерот, како што соопшти Министерството за одбрана, е дефект во авионот.
Хеликоптерот бил на пат кон Татван од блиската провинција Бингол кога исчезнал од радарот.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер