Контакт

Регион

Церар: Нема да отстапиме од арбитражната одлука

Објавено пред

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека и како министер ќе се залага за континуитет на надворешната политика и кога се работи за граничниот спор со Хрватска. Идниот министер за надворешни работи во новата коалициска влада на Марјан Шарц, смета дека граничниот спор со Хрватска е решен со арбитражна одлука.

Како што изјавил, новата словенечка влада нема да отстапи од ставот дека Хрватска мора да ја примени арбитражната одлука, пренесе Хина.

„Нема да отстапиме од нашите ставови“ рекол Церар на сослушувањето пред парламентарниот одбор за надворешна политика, каде одржал излагање како кандидат за нов шеф на дипломатијата и одговарал на пратенички прашања.

Сепак, како што додал Церар, ќе се залага за добрососедски односи со сите соседи, и со Хрватска.

Регион

Русија се огласи по аферата за шпионажа во Србија

Објавено пред

Односите со Србија се партнерски и од братски карактер. Ништо не може да влијае на тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со истрагата за снимката на која се гледа како руски разузнавач наводно му дава пари на српски агент.

Тој рече дека Русија не знае за каков инцидент станува збор и дека тоа допрва треба да биде утврдено, пренесува ТАСС.

„Тоа не е прашање со кое се занимава претседателството“, вели Песков.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како руски разузнавач, наводно, му дава пари на високопозициониран српски службеник. Видеото го објави бугарски новинар, а автентичноста на снимката и идентитетот на рускиот агент, кој работел во Амбасадата на Русија, го потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Министерот за одбрана, Александар Вулин, рече дека ситуацијата е многу сериозна, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа итна седница на Советот за национална безбедност, по која се очекуваат повеќе информации.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватски воени пилоти превезувале шверцер со оружје

Објавено пред

Тројца пилоти на Хрватското воено воздухопловство од воената база во Земуник се под истрага на цивилната и воената полиција, пренесува „Нова ТВ“.

Пилотите со воен хеликоптер превезувале шверцер на оружје, а полицијата извршила претрес во нивните домови и пронашла поголемо количество муниција.

„Тие се отстранети од летачката служба и одземени им се одредени материјални права поврзани со летачкиот додаток“, рече бригадниот генерал Мато Микиќ, командант на Хрватското воено воздухопловство.

„Ова е изолиран случај, тоа не се случило досега во Хрватското воено воздухопловство. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да спречиме вакви случаи “, рече Микиќ за „ТВ Нова“.

Пилотите со воен хеликоптер го превезувале шверцерот на оружје. Заедно ја поминале контролата, а шверцерот најверојатно никој не го прашал за документи. Шверцерот го возеле во хеликоптерот додека биле на должност, во склоп на своите планирани воени задачи, а сѐ се случило пред два месеци.

Покрај тоа, шверцерот бил маскиран. Тој во воената база, а потоа и во хеликоптерот, влегол во униформа на воен пилот. Мажот од претходно ѝ е познат на полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција уапси адвокат ангажиран од германската амбасада

Објавено пред

Турција уапси турски адвокат кого го ангажирала германската амбасада во Анкара, изјави германски дипломат од Министерството за надворешни работи. Се оценува дека тој потег би можел да доведе до пораст на тензиите меѓу НАТО-партнерите.

„Интензивно се обидуваме да откриеме за какви обвинувања се работи и да му се укине притворот“, рекол неименуван германски претставник, оценувајќи дека притворот е „неразбирлив“, пренесе „Ројтерс“.

Адвокатот е уапсен во средината на септември, рекол истиот претставник.

Германија го ангажирала адвокатот за собирање документи кои се однесуваат на турски државјани кои побарале азил во Германија, пренесуваат германските медиуми. Бројот на Турци кои бараат азил во Германија порасна по неуспешниот државен удар во земјата, за кој Ердоган тврди дека  го планирале приврзаниците на свештеникот Фетулах Ѓулен од САД.

Односите меѓу Турција и Германија се затегнати поради германските критики упатени до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поради тоа како се пресметал со неговите противници по неуспешниот државен удар во 2016 година и воената офанзива на Турција минатиот месец, против Курдите во Сирија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија3 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија3 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија3 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет4 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет4 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија4 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија17 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија20 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа22 часа

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија23 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија24 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија1 ден

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа1 ден

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Досие