Регион
Ципрас го обвини Мицотакис за кршење на мерките против ширење на коронавирусот

Грчкиот левичарски опозициски лидер, Алексис Ципрас, го обвини премиерот Киријакос Мицотакис за непочитување на мерките против ширење на коронавирусот.
Ципрас ги упати критиките до Мицотакис откога премиерот присуствуваше на голем собир – ручек на отворено.
Мицотакис за време на викендот го посетил грчкиот остров Икарија, каде што присуствуваше на ручек на отворено, кој го приреди локален функционер, а снимката од настанот беше објавена на социјалните мрежи и прикажува најмалку 25 луѓе, а во заднина се слуша традиционална музика со гајди и тапани.
Ципрас денеска поднесе жалба до парламентот обвинувајќи го премиерот дека покажува неверојатна ароганција додека рестораните во Грција и многу фабрики останаа затворени.
Портпаролката на владата, Аристотелија Пелони, изјави дека Мицотакис ќе продолжи да ги посетува оддалечените делови на земјата за да ја промовира вакцинацијата против коронавирусот додавајќи дека насочувањето на вниманието на јавноста кон ручекот на отворено ќе ја поткопа целта на посетата.
Во декември Мицотакис беше снимен со велосипед без маска со уште петмина велосипедисти како вози на планинска патека во околината на Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“

Уште 15.000 вакцини против коронавирус на компанијата „Фајзер“ треба да пристигнат денес во Албанија, потврди министерката за здравство, Огерта Манастирулиу.
Таа додаде дека се очекуваат 14.400 вакцини на „Астразенека“, кои треба да пристигнат во следните 10 дена преку програмата Ковакс, објавија албанските медиуми.
„Ние сакаме да ја завршиме вакцинацијата на здравствените работници за кратко време, до втората недела од март, како и приоритетните групи на население, како што се оние над 80 години, по што ќе продолжиме со вакцинирање на други групи на луѓе“, рече албанската министерка за здравство.
Регион
Босна и Херцеговина го одбележува денот на независноста, Република Српска бојкотира

Во Босна и Херцеговина, денеска, 1 Март, се одбележува Денот на независноста, но овој ден се слави како празник само во Федерацијата БиХ, а во Република Српска се третира како незаконски и непостоен.
„Жртви сме на политика што одлучи да го јакне ентитетот со слабеење на државата, но ќе сториме сè за да ги отстраниме овие блокади и БиХ да тргне по вистинскиот пат“, рече во Сараево, Бакир Изетбеговиќ, претседател на Домот на народите на парламентот во БиХ, откако претходно беше положен венец на споменикот на партизанските ослободители од Втората светска војна, каде што присуствуваа членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.
Изетбеговиќ рече дека пред 29 години БиХ ја презела контролата над својата судбина во свои раце и тој е убеден дека ќе дојде време кога сите што живеат во неа ќе ја сакаат својата земја и ќе ја ценат нејзината независност.
Претседателот на Федерацијата на БиХ, Маринко Чавара (ХДЗ БиХ), по повод одбележувањето на 1 Март, рече дека овој датум е важен затоа што БиХ го напуштила југословенскиот државен сојуз во 1992 година, со што на сите народи и граѓани во БиХ им била дадена можност демократски и слободно ја изразат својата волја за иднината.
„Народите во БиХ ја изразија својата определба за независна БиХ, држава на еднакви народи и еднакви граѓани“, нагласи тој.
Честитки по повод Денот на независноста пристигнаа и од американската амбасада во Сараево.
„Соединетите Американски Држави остануваат посветени на силно партнерство и пријателство со БиХ и нејзините граѓани, со поддршка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет и со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме односите меѓу нашите две земји во наредните години“, се вели во честитката објавена на социјалните мрежи.
БиХ стана меѓународно призната држава откога мнозинството нејзини граѓани гласаа на референдум на 28 февруари и 1 март 1992 година за воспоставување „суверена и независна БиХ, држава на рамноправни граѓани и народи, муслимани, Срби, Хрвати и припадници на други народи што живеат во неа“, што беше формулацијата и на референдумското прашање.
Референдумот беше организиран по експлицитно барање на тогашната европска заедница, која го постави како услов за признавање самостојна БиХ, а одговорот „да“ тогаш го заокружиле нешто повеќе од два милиона граѓани, односно над 60 проценти од тогашната популација.
Властите во Република Српска, пак, упорно одбиваат да го признаат 1 март како празник и сметаат дека датумот е провокација тврдејќи дека токму референдумот е главната причина што довела до војна.
Пред прославата оваа година, сегашниот претседател во Претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека тој никогаш нема да го слави 1 март во РС.
Во 2016 година некои српски членови на парламентот на РС побараа од Уставниот суд на БиХ да го поништи 1 март како празник што ги дискриминира Србите, но судот го одби таквото барање како неосновано.
Регион
Во Хрватска откриен њујоршки вид коронавирус, почина 40-годишник

На прес-конференцијата на кризниот штаб е објавено дека во Хрватска е регистриран њујоршкиот вид коронавирус и дека починало 40-годишно лице кое претходно немало здравствени проблеми.
Властите соопштија дека досега малку се знае за новиот вид што е регистриран.
„Малку знаеме за њујоршкиот вид. Првите вести почнаа да се појавуваат кон крајот на минатата недела. Она што досега го знаеме е дека тој е една од новите варијанти на вирусот што се шири побргу од другите. Сите лица што доаѓаат од Република Јужна Африка и Занзибар се предмет на истите мерки како и лицата што доаѓаат од Велика Британија и Бразил. Што се однесува до другите африкански земји, важат истите правила, тие се трети земји за нас и мора да имаат 48-часовен негативен ПЦР-тест“, изјави Крунослав Чапак, член на кризниот штаб.
Чапак рече дека претходно имале осум потврдени случаи на британскиот вид коронавирус.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран