Контакт

Регион

Црвен метео аларм на Јадранот, се очекуваат бранови од шест метри и ветрови од 130 километри на час

Објавено пред

Поради обилните дождови и невремето кои се очекуваат во поголем дел од Јадранот, на сила е црвен метео аларм, додека за останатите делови на Хрватска вклучен е жолт аларм, пренесе српски „Блиц“.

Најлошо, според прогнозите, ќе биде на Истра, каде денеска јужниот ветер е засилен, а во Лабин е измерен ударот на ветерот од 96 километри на ачс, пренесе Индекс.хр.

На Истра утре се очекува невреме со силен јужен ветер, а како што наведува државната метеоролошка служба, средната брзина на ветрот ќе изнесува до 90 километри на час, а најсилниот удар ќе биде над таа брзина.

Исто така, се очекува и обилни врнежи од дожд, некаде и повеќе од 100 литри по квадратен метар. Големи количини дожд се очекуваат и во далматинското крејбрежје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Јоханис: Романија не е подготвена да претседава со ЕУ

Објавено пред

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека Романија не е подготвена да го преземе ротирачкото претседавање со ЕУ, на 1 јануари идната година, поради што ја повика Владата да поднесе оставка.

Јоханис рекол дека ситуацијата излегла од контрола и дека постои политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече несреќен случај на романската демократија, пренесе АП.

Вјорика Данчила стана премиерка во јануари, но таа има малку извршни овластувања, додека Владата всушност ја води лидерот на владеачката Социјалдемократска партија, Ливи Драгне. Тој неможе и официјално да биде премиер поради обвинувања за кражба на гласови.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечките војници учесници на НАТО-вежбата во Финска се пожалија на несоодветни чизми

Објавено пред

Словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, вчера вети темелна истрага по жалбите дека словенечките војници што учествуваа во неодамнешната меѓународна вежба на НАТО во Норвешка, поради несоодветни обувки, имале тешкотии и дека ни другиот дел од нивната опрема не ги исполнил очекувањата.

На меѓународната воена вежба Trident Juncture 18, спроведена со цел да се провери интероперабилноста на меѓународните сили во заедничка акција, учествуваа 232 војници од Словенија, но командантот на нивниот контингент во вежбата, потполковник Утрош Тринко, рече дека многу војници се пожалиле дека обувките не ги штителе од студ и влага на норвешкиот терен и дека некои делови од облеката не ги исполниле очекувањата, па се очекува одговор од Министерството.

„Имавме несоодветна чизми, кои не ги греат нозете ако се намократ, моравме да ги лепиме со лошо лепило, но овие проблеми во војската не се нови“, изјави неименуван војник по враќањето од вежбата за „Дело“.

Од главниот штаб на словенечката армија потврдија дека имало проблеми во врска со користењето на чизмите во Норвешка, но војниците не добиле ниту смрзнатини, ниту плускавци. Исто така, се потврдува дека работите ќе бидат дополнително испитани.

Прикажи повеќе...

Регион

И Бугарија се откажа од пактот за миграција на ЕУ, Јункер со предупредување

Објавено пред

Бугарија одлучи да не учествува во глобалниот пакт за миграција на ОН, изјави шефот на парламентарната група на владејачката партија ГЕРБ, Цветан Цветанов.

Тој додаде дека овој договор ќе ги наруши бугарските национални интереси.

„Позицијата на бугарската влада е да не се приклучуваме на глобалниот договор за миграција од ОН“, рече заменик-лидерот на ГЕРБ по средбата на шефовите на коалицијата, објави „Ројтерс“. Агенцијата вели дека помладиот коалициски партнер на ГЕРБ, Обединетиот патриот, остро се противи на пактот на ОН.

Пактот ќе се разгледува пред бугарскиот парламент во средата. Со ова Бугарија, според „Ројтерс“, им се приклучува на земјите што одбија да се приклучат на пакт на ОН, вклучително и Полска, Австрија и Унгарија.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го повика Берлин да ја обедини Европа за миграциите и другите проблеми.

„Ако една, две или три земји се откажат од пактот на ОН за миграција, тогаш ние како ЕУ не може да ги задржиме сопствените интереси“, рече Јункер. Хрватска и Словенија исто така се сомневаат во своето останување во пактот на ОН.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

Полицијата дојде пред домот на експремиер Никола Груевски, кој требаше да се јави во затворот во Шутка на отслужување на...

Македонија54 минути

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Македонија2 часа

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот...

Топ3 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија4 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија5 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет6 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа7 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион10 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија11 час

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија24 часа

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Топ1 ден

Возило излетало од патот и се превртело, две лица се повредени

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С....

Досие