Контакт

Регион

Црна Гора ги продава воените бродови, биле скапи за одржување

Објавено пред

Црногорската влада донесе одлука од воената морнарица на црногорската армија да се повлечат двата патролни брода П-33 и П-34 и да се понудат на продажба, а парите од продажбата да се насочат кон купување ново оружје и опрема.

Оваа одлука е образложена со тврдењето дека бродовите се „преголеми, прескапи и премногу комплицирани за употреба во морнарицата на Црна Гора”, која нема ни кадар кој може да работи на нив, објавија подгорички „Вијести“.

Бродовите се направени на крајот од осумдесеттите години и ја покажуваа големата моќ на поморската флота на поранешната југословенска морнарица.

Досега неколку земји покажаа интерес за купување на овие два брода кои технички се во добра состојба и кои по модернизацијата на оружје и електроника може да се приклучат во составот на нивните морнарици, а меѓу заинтересираните страни се Пакистан, Турција, Бангладеш и Израел.

Регион

(Видео) Силно невреме ја зафати Грција, има и жртви

Објавено пред

Силно невреме зафати неколку грчки региони, проследено со грмотевици, молњи и обилни врнежи од дожд. Невремето одзеде и најмалку еден живот, пренесуваат грчките медиуми.

Обилни дождови, во главно проследени со град и силен ветар, погодија поголем дел од земјата и според метеоролозите, ваквото време ќе трае до петок.

На островот Скопелос една жена загинала од удар на гром, пренесе „Грик репортер“. Невремето ја погоди и Атина, каде се слушале силни грмотевици.

Драматично е и на Халкидики, каде паѓаше град. На регионалниот пат Полигирос-Солун, патнички возила и камиони веќе неколку часови стојат поради голема количина на мраз на патот, пренесуваат медиумите.

Во одделни предели пејзажот изгледа како да е покриен со снег, бидејќи град ги зафати патиштата и полињата. Екстремни временски услови ги погодија на југ Каламарија и Олимпија.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус.

Во Хрватска втор ден по ред нема нови случаи. Од вкупно 2.244 потврдени случаи, оздравеле 2.046 лица, а 101 лице починало. Во Хрватска активни се 97 случаи.

Досега се тестирани вкупно 63.682 лица, а во последните 24 часа 1.260 лица.

И во Словенија во последните 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирус на 754 тестирани, а само девет лица со Ковид-19 сè уште се наоѓаат во болница, објави словенечката влада.

Вкупниот број потврдени случаи од почетокот на епидемијата е 1.469. Во последните 24 часа починал еден пациент, со што бројот на смртни случаи достигна 108.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчки свештеник испрашуван од црковните власти затоа што давал причесна со повеќе лажички

Објавено пред

Православен свештеник од грчкиот остров Крит бил повикан да одговара пред црковните власти затоа што барал причестувањето на верниците да се изврши со повеќе лажички, а не само со една.

На веб-страницата на атинскиот весник „Ефимерида тон синтактон“ (ЕФСИН) беше пренесена неговата изјава дека според тоа верува оти „нешто тргнало наопаку во нашата Црква“, пренесува „Мондо“.

„Јас ќе се бранам како што знам и нема да одговорам со лажна понизност“, рече свештеникот Хараламбос Копанакис од Крит.

Тој беше повикан на постапка пред црковните власти затоа што, за да ги заштити верниците среде пандемијата, рекол дека е опасно да им се даде причест на сите со иста лажичка и дека тоа треба да се промени во сите цркви во Грција.

Во последните неколку дена 44-годишниот свештеник беше цел на напади на екстремни црковни кругови, кои ја бараат неговата глава – да биде заменет од митрополитот Макариос, под чија надлежност е тој.

Во подолг текст објавен на социјалните мрежи на 19 мај, свештеникот од Крит, меѓу другото, напиша: „Во времето кога беше воведена употребата на истата лажичка за сите, последното нешто што луѓето би можеле да претпостават е можноста за пренесување болест“.

Треба да се има предвид, продолжи Копанакис, дека пред еден век не бевме свесни за придобивките од миењето на рацете како основно средство за здравствена заштита.

Затоа, заклучи тој, одлуката на Црквата да се користи иста лажичка за причестување на сите верници не е донесена врз основа на здравствени критериуми, туку исклучиво од практични причини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија2 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија3 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија3 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија3 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион8 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија8 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија9 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија9 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија9 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија10 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет11 час

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа12 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион13 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа13 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија13 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион13 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет1 ден

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија1 ден

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет1 ден

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Досие