Контакт

Регион

Црна Гора го отвори последното преговарачко поглавје за влез во ЕУ

Објавено пред

Црна Гора го отвори последното поглавје во пристапните преговори со Европската Унија и сега ѝ останува работата на затворање на поглавјата, од кои досега се затворени само три.

Преговорите за пристап се поделени во 35 поглавја, но има 33 преговори. Црна Гора сега ги има отворено сите 33 поглавја, но досега затвори само три.

Последното поглавје за преговори што го отвори беше поглавјето 8 – пазарен натпревар.

Преговорите за пристапување на Црна Гора во Европската Унија почнаа во јуни 2012 година. Од сите земји од Западен Балкан, Црна Гора отиде најдалеку во европската интеграција.

Освен Црна Гора, Србија ги води преговорите уште од 2014 година и досега отвори помалку од половина од поглавјата за преговори.

На нашата земја и на Албанија им беше дадено зелено светло во март за да почнат разговори за пристапување. Босна и Херцеговина сè уште нема статус на кандидат за членство, а најлошо е со Косово, чија независност не ја признаваат пет земји членки.

Регион

Коронавирусот во Германија доаѓа најмногу од Косово

Објавено пред

Германскиот институт „Роберт Кох“ (РКИ) направи список на земји во кои Германците најмногу се заразиле со коронавирус, а Косово е на самиот врв на тој список.

РКИ посочува дека од средината на јуни, по првото отворање на границите, има зголемување на бројот на луѓе кои за време на престојот во странство се заразиле со коронавирус.

Пред „затворањето“ кон средината на март, учеството на увезените случаи, според РКИ, било на својот врв со 46 проценти, а по затворањето на границите, тој удел паднал на 0,4 проценти.

Со повторното отворање на границите, учеството на „увезени“ случаи повторно пораснало на 31 процент.

Од првите 15 земји на „инфекција“ на прво место е Косово, од каде што 1.096 луѓе го „донеле“ коронавирусот во Германија.

На второ место е Турција со 501 случаи, а потоа следува Хрватска со 260 случаи.

Србија е на четвртото место со 196 случаи, следуваат Бугарија со 166, БиХ со 156, Романија со 113, Полска со 112, Шпанија со 107, Македонија со 92, Албанија со 86, Холандија со 50, Австрија со 44 и Франција и Украина со по 43 случаи.

Косово уште на почетокот се најде на списокот на ризични региони за кои важат предупредувањата за патувања поради коронавирусот.

Германските власти не знаат зошто е толку голем бројот на заразени повратници од Косово.

Сепак, тоа го поврзуваат со Бајрам, за време на кој многу муслимани од Германија отпатувале во земјите на нивното потекло кај семејствата.

Од 8 август, на сила е обврската за тестирање на лица кои се враќаат во Германија од високоризични региони, односно двонеделен карантин.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 29 новозаразени, од кои 22 се помлади од 34 години

Објавено пред

Во последните 24 часа во Словенија се направени 856 тестирања при што се потврдени 29 новозаразени од коронавирус, двајца помалку од претходниот ден, објави словенечката влада.

Состојбата во болниците е подобра отколку претходниот ден, така што во моментот се хоспитализирани 19 пациенти со Ковид-19, што е за четири помалку од претходниот ден, а само двајца пациенти се на интензивно одделение.

Пет пациенти се отпуштени од болничко лекување на домашна нега во последните 24 часа, а не се пријавени нови смртни случаи во тој период, соопшти Министерството за здравство.

Според добиените податоци, во Словенија моментно има 193 активни заразени лица, а инфекции се регистрирани во последните 24 часа во 21 општина, претежно во самата Љубљана, каде имало пет.

Меѓу новозаразените, 22 од нив се помлади од 34 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Сараево со нож убиен маж, а неговата сопруга е повредена, немале никаква врска со напаѓачите

Објавено пред

Во Сараево, синоќа, половина час пред полноќ, дошло до пресметка меѓу неколку лица, во која маж бил избоден до смрт, а неговата сопруга е повредена.

Според сараевскиот портал „Кликс“, човекот што бил убиен и неговата сопруга, која е ранета, не учествувале во тепачката. Имено, според информациите што ги добиле од соседите, во населбата имало семејна кавга по што едно лице побарало помош во дворот на убиениот.

Набргу потоа во дворот на жртвата пристигнале и други актери во расправијата по што дошло до тензии, а несреќниот човек добил смртоносна убодна рана од нож обидувајќи се да ги раздели луѓето што меѓусебно се пресметувале. Неговата сопруга добила убодна рана во грбот кога и таа притрчала за да му помогне на сопругот.

Брачната двојка има две малолетни деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија25 минути

Пропаѓањето на „Еуростандард банка“ го блокираше платниот промет во „Македонски пошти“

Поради пропаѓањето на „Еуростандард банка“, платниот промет во „Македонски пошти“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија1 час

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија1 час

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија2 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е уверен дека ќе успее да состави Влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија2 часа

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотел „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ, се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија3 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ3 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија4 часа

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет5 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија5 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа6 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет6 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија6 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет17 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет19 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија19 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија22 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија22 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија24 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија1 ден

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Досие