Контакт

Регион

Црна Гора: Преку тробојката цртале кукести крстови

Објавено пред

Железничката станица во Црмница, Црна Гора, која деновиве била украсена со тробојка, утринава осамнала ичкртана со кукести крстови, пренесува „Вечерње новости“.

Како што напишал сведок на настанот, на станицата среде ноќ се паркирал автомобил и од него истрчало едно лице кое ги исцртало кукестите крстови. Сè траело десетина минути.

Срамниот чин го осудило локалното здружение „13 Јули“.

„Ова е само уште еден доказ дека во Црна Гора не постои слобода. Платениците на ре\имот среде ноќ им испраќаат порака на слободоумните граѓани ни помалку ни повеќе со исцртување фашистички симболи. Очигледно се потврдува она во што се сомневавме дека наспроти традиционалната тробојка стојат оние кои се гордеат со нацистичките симболи. Еднаш го поразивме кукeстиот крст и повторно ќе го сториме тоа“, велат од здружението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во рок од еден месец, но во меѓувреме најави полициски час за време на целиот викенд во Белград и Ниш.

Тој рече дека полицискиот час е сосема извесно да биде воведен овој викенд, од петок наутро и дека оваа одлука ќе важи за Белград, како најголемо жариште на вирусот во Србија, како и за Ниш.

„Најверојатно тоа ќе биде од овој петок, ќе видиме од кога, бидејќи онаа сабота претпладне скапо не чинеше“ рекол Вучиќ, алудирајќи на тоа дека бројни граѓани два викенди претходно го искористиле убавото време и поминале цели денови надвор.

Вучиќ нагласил дека не ја исклучува можноста за воведување на карантин за Белград, кој е и најголемо жариште, нагласувајќи дека за мерката 24-часовен полициски час не мора да оди предупредување 48 часа претходно.

Тој исто така нагласи дека поради кризата со коронавирусот, нема да биде можно семејствата заедно да ги поминат велигденските празници.

Прикажи повеќе...

Регион

Велигден во Грција ќе биде без литургија

Објавено пред

Врховниот суд во Грција ја отфрли жалбата со која се бара да се укине забраната на верските служби за време на велигденските празници.

Судиите на Државниот совет соопштиле дека неодамна објавените мерки за забрана на присуство на верските служби, како дел од мерките во ограничување на движењето во борбата против коронавирусот, се во јавен интерес.

Во Грција 81 лице почина од коронавирус, а властите тврдат дека досега ограничувањата се покажале ефикасни.

Заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, изјавил дека тие напори би можеле да бидат загрозени, доколку Грците престанат да бидат внимателни за време на Велигден, кој во оваа држава се одбележува на 19 април.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорско-приморската митрополија донирала средства на болниците за купување апарати

Објавено пред

Црногорско-приморската митрополија донирала средства за купување техничка апаратура потребна за работа на здравствените установи за Црна Гора што подобро да се избори со ситуацијата со која се соочи цел свет, пренесува „Вечерње новости“.

„Уплатени се средства за седум монитори и шприц-пумпи, од кои по еден се наменети за болниците во Цетиње и Никшиќ, а останатите за Клиничкиот центар во Подгорица“, се вели во информацијата.

Во договор со управите на болниците во повеќе црногорски градови, оваа опрема деновиве ќе виде врачена таму каде што е најпотребна, велат од митрополијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет23 минути

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија1 час

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет2 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет2 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет2 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет2 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион3 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија14 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија14 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија15 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија16 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет16 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија17 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија18 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија19 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија19 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија20 часа

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија20 часа

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија21 час

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Досие