Контакт

Регион

Црна Гора прифати пет мигранти од Сицилија

Објавено пред

На барање на Италија, Црна Гора ќе прифати до пет мигранти од бродот кој во август пристигна на италијанскиот остров Сицилија.

Ова беше објавено во четвртокот на „Твитер“ на Владата на Црна Гора, пренесува РТЦГ. Официјални лица од Италија побараа од Црна Гора да примат дел од мигрантите кои пристигнаа во едно од пристаништата во Сицилија, откако неколку дена беа задржани од страна на италијанските власти на бродот што пристигна во таа земја.

Италија побара помош за решавање на прашањето на мигрантите на бродот во Сицилија, не само од Црна Гора туку и од земјите членки на ЕУ, како и од другите соседни земји.

Италијанскиот амбасадор во Црна Гора, Лука Зелиоли, на прашањето колку мигранти сакаат да прими Црна Гора, бидејќи на бродот беа околу 150, истакна дека секоја помош е добредојдена, во согласност со способностите на земјата. Италија доби позитивен одговор од Ирска и Албанија.

Претходно беше објавено дека Албанија понудила да прифати 20 мигранти, а Ирска меѓу 20 и 25 лица од бродот кој со денови е „заробен” во Сицилија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Објавено пред

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е надвор од законот, изјави шефот на дипломатијата на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

„Македонија не издаде сигнали, па со самото тоа црногорските државни органи го третираа Груевски како и секој друг граѓанин што се наоѓа во друштво на дипломати со дипломатски таблички“, рече Дармановиќ, пренесе порталот „Аналитика“.

Запрашан за коментар во врска со бегството на Груевски преку Црна Гора, Дармановиќ вели дека во периодот кога било одлучено експремиерот да побара азил во Унгарија, тој не бил на листата на Интерпол.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај побарал од Курц да се одлучува за визната либерализација на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побарал од австрискиот канцелар, Себастијан Курц, прашањето за визната либерализација на Косово да биде ставено на дневниот ред на Советот на ЕУ.

Харадинај, кој престојува во Виена на работниот појадок на Курц со премиерите Западен Балкан, напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека австрискиот канцелар предочил оти Косово е единствената земја чии граѓани не може слободно да се движат.

„Покрај правото на слободно движење, либерализацијата за нас значи поголемо партнерство и поголеми трговски можности за размена на земјите од ЕУ и регионот“, напиша Харадинај.

Додаде дека Косово ги исполнило сите услови за добивањето на визната либерализација.

Прикажи повеќе...

Регион

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Објавено пред

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово, каде што висината на снежната покривка достигнува 25 сантиметри, јавува агенцијата „Танјуг“.

Оттаму се додава дека врнежи од снег се регистрирани и во Хрватска, а во Босна и Херцеговина е објавен црвен аларм поради најавените врнежи.

Во Македонија обилни врнежи од дожд се регистрирани во Битола, каде што наврнале 41 литар на квадратен метар.

Во Федерацијата БиХ е издадено црвено предупредување поради поројни дождови за подрачјето на Херцеговина и југозападна Босна. Врнежите се очекуваат од вечерните часови, односно во ноќта од понеделникот кон вторникот. Снег или мешавина од снег и дожд се очекуваат во Краина и во западна Босна и на планините во централните региони на Босна.

Снег и натаму паѓа во повеќето делови на централна Хрватска, а и во Горски Котар. Снег во делови од Хрватска се најавува и за утре, а од среда натаму се прогнозираат врнежи од дожд.

Покрај врнежите, дува непријатен ветар од северен правец, кој е изразен на јадранскиот брег, а особено под Велебит, каде што го отежнува сообраќајот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Груевски е ВИП мигрант на Орбан – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето за азил на поранешниот македонски...

Македонија25 минути

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија3 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион3 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток4 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија4 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија4 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија5 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија6 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија6 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион7 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија8 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија9 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија10 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија10 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија21 час

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт22 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести1 ден

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија1 ден

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Досие