Контакт

Регион

Црногорците не се капат во море поради фекалии од крузерите

Објавено пред

Локалните жители и гостите на населбата Пелужица во Црна Гора се жалеа на загадувањето кое, како што тврдат, доаѓа од крузерите.

„Веќе неколку дена не смееме да се капеме во Пелужица поради сомелени фекалии. Токму така, добро слушнавте. Потврдата дека се работи за гореспоменатиот, да го наречеме, материјал е мислењето на морнарите од овој крај кои пловат на патничките бродови, и кои знаат како се третира овој вид  отпад и како тој изгледа потоа. Ја известивме и пристанишната управа, но овој проблем не се решава“ – кажа слушателка на „Радио Котор“, која тврди, исто така, слушајќи од морнарите, дека постојат бродови кои само во Бока користат штетно и поевтино гориво со многу сулфур.

Повикот е поткрепен со фотографии на гостинка од странство, со кои се обвинува бродот на една позната поморска компанија, наводно фотографиран во моментот на загадувањето, а кои ќе бидат доставени до надлежните во пристанишната управа со цел да се процени дали станува збор за еколошки инцидент.

Исто така се тврди дека локацијата на бродот, морските струи и ветрот, ја насочиле бродската канализација право кон брегот на населбата Муо.

Регион

Новите министри во Грција положија заклетва

Објавено пред

Шест нови грчки министри во владата на Алексис Ципрас положија заклетва во палатата на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, откако претходната недела грчкиот премиер, Алексис Ципрас, соопшти дека ќе направи мини-реконструкција во неговиот кабинет, пренесе грчката новинска агенција „АНА-МПА“.

Јоргос Катругалос го презеде Министерството за надворешни работи, ресор што беше во рацете на грчкиот премиер по оставката на Никос Коѕијас.

Новите министри кои положија заклетва пред претседателот Павлопулос и премиерот Ципрас се Ранос Моратис (инфраструктура и транспорт), Ангелос Толкас (политиката на миграција), Елефтериа Чацигорги (внатрешни работи) и Константин Баркас (работа, социјално осигурување и социјална солидарност), а Атанасиа Сиа Анагностопулу е назначена за заменик-министер за надворешни работи.

На церемонијата за полагање заклетва на новите членови во реконструираниот кабинет на Алексис Ципрас присуствуваа семејствата на новите функционери и блиските соработници.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Романија од грип починаа 135 лица

Објавено пред

Романските здравствени власти објавија дека во земјата од грип починале уште четири лица, со што билансот се искачи на 135 мртви.

Се наведува дека жртвите во најновите случаи имале помеѓу 26 и 87 години.

Кај четворицата бил потврден вирусот на грип од типот А, а ниту едно од починатите лица не било вакцинирано.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанската опозиција го напушта парламентот

Објавено пред

Албанската опозициска Демократска партија најави дека планира нејзините пратенинци да поднесат оставки на пратеничките места во парламентот поради, како што наведуваат, корупција и неефиканост на владата на Еди Рама.

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека парламентарната група одлучила да ги врати мандатите, пренесе АП.

Баша побара да се воспостави преодна влада до одржувањето на вонредните избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека е сè законски,...

Македонија46 минути

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија1 час

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија2 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток2 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток3 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ3 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет4 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија4 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет5 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет5 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет6 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет7 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ17 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија18 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија19 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија20 часа

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија21 час

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија21 час

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Досие