Регион
Чепурин: Средбата Вучиќ-Путин е сигнал за развивање на односите во сите области
Новата средба на лидерите на Србија и на Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин претставува сигнал на подготвеноста односите да се развиваат во сите области, изјави во понеделник рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин.
„Руско-српските билатерални односи на високо ниво редовно се одвиваат, тоа е огромен успех последните неколку години. Новата средба на лидерите е сигнал на подготвеноста односите да се развиваат во сите области“, рече Чепурин за РИА Новости.
Според неговите зборови, клучни области за соработка се економијата и воено-техничката сфера. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
