Контакт

Регион

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Објавено пред

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на ноќта е локализирана, но сè уште гори во близина на Метковиќ. Неколкумина пожарникари се повредени.

По ноќната битка со огнената стихија, на Пелешац сè уште се чувствува мирис на чад, а на одредени места сè уште тлее, но ситуацијата полека се стабилизира. Граѓаните се уморни и преплашени по целовечерната битка за да ги спасат своите домови од огнот што им се заканувал да ги зафати.

Според хрватските медиуми, ќе бидат потребни денови за ситуацијата да се нормализира и жителите во опожарените места да може да се вратат во своите домови.

Шефот на противпожарната служба на Дубровачко-неретванската жупанија, Стјепо Симовиќ, вели дека ситуацијата е подобра, но пожарникарите сè уште ќе останат на терен.

„Мораме добро да внимаваме, на неколку места има пламени што ветерот лесно ги разгорува. Пожарот сè уште е далеку од изгаснат„, додава тој.

Пожарникарите цела ноќ ја држеле линијата на одбрана долга три километри од Поступ до Глабалово, а нивната работа ја отежнувал силниот ветер. Меторолозите за денеска најавуваат умерена до силна бура, наместа со силни ветрови, кои постепено ќе ослабат.

На терен има повеќе стотици пожарникари од сите делови на Хрватска, како и припадници на хрватската армија и други служби за интервенција. Пожарот на Пелешац вчера зафати и четири куќи во Станковиќи, на подрачјето на Оревиќ. Пожарникарите се обидуват да ги заштитат складиштата на нафта и нафтено масло. На терен се приклучиле и пожарникари од Вела Лука, Блато, Смоквица, Лумбарда и Корчула.

 

Регион

Коцијанчич: САД и Русија да се држат до нуклеарниот договор

Објавено пред

Европската Унија ги повикува САД и Русија да се придржуваат кон договорот за нуклеарно оружје (ИНФ) со среден дострел и да обезбедат целосно и докажано негово спроведување“.

„Ние веруваме дека е потребно САД и Русија да спроведат конструктивен дијалог со цел да го зачуваат договорот“, рече портпаролката на Европската Унија, Маја Кочијанчич, на денешната прес-конференција.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје бидејќи Русија го прекршувала овој договор.

Иако не понуди пример за тоа како Русија го прекршува овој договор, сепак Трамп изјави „Русија го прекршува договорот, тие го кршат со години“, посочи американскиот претседател по митингот во саботата во Елк, Невада, каде што рече дека САД нема да им дозволат на Русите да прекршат нуклеарниот договор.

По објавувањето на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно оружје од среден дострел бидејќи Русија го прекршила договорот, пристигнаа првите реакции од Русија. Официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи рече дека главната причина за оваа одлука е сонот на Вашингтон за униполарен свет, а по ова, реакции пристигнаа и од други руски, но и светски лидери и политичари.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Граничната полиција на БиХ спречи шверцување мигранти од Сирија и Ирак

Објавено пред

Припадниците на граничната полиција на Босна и Херцеговина во текот на ноќта спречиле шверц на 17 лица од афро-азиско потекло, кои не поседувале документи за идентификација, соопштија од граничната полиција.

Службениците посочија дека мигрантите, најверојатно, доаѓаат од Сирија и Ирак.

Нелегалните мигранти беа откриени при контрола на две возила со босански регистарски таблички во пограничниот појас во областа Гацко, соопштија надлежните и посочија дека по наредба на јавен обвинител, лицата што управувале со возилата биле приведени поради основано сомнение дека сториле кривично дело организирање група или здружение за кривично дело шверцување мигранти, а во врска со кривичното дело трговија со луѓе, возилата и другите докази се привремено одземени и понатамошната работа на овој случај е во тек.

Прикажи повеќе...

Регион

Иво Санадер осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање

Објавено пред

Поранешниот премиер на ХДЗ и претседател, Иво Санадер, е осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање.

Според судијата, Санадер ја искористил својата позиција и извршил дела на злоупотреба на службената положба и воено профитирање. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, а времето поминато во притвор ќе биде вклучено во казната. Исто така, Санадер треба да врати 3,6 милиони куни (околу 486.000 евра) во хрватскиот буџет, колку што стекнал незаконски.

„Оваа пресуда е преседан бидејќи е прва пресуда за воено профитирање“, рече судијката Галешиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани од САД

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет1 час

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет1 час

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија2 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет3 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет3 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија13 часа

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија16 часа

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија18 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија19 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија19 часа

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија21 час

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија22 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија24 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија1 ден

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Крвав четврток1 ден

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Крвав четврток1 ден

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет1 ден

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет1 ден

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија1 ден

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Досие