Контакт

Регион

Четири децении од катастрофалниот земјотрес во Црна Гора

Објавено пред

Денес се навршуваат четириесет години од најразорниот земјотрес, со јачина од седум степени според Рихтеровата скала, што на 15 април 1979 година ја погоди Црна Гора и предизвика катастрофално уништување на целиот црногорски брег, во должина од околу 100 километри.

Според cdm.me, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, помеѓу Бар и Улцињ, на оддалеченост од 15 километри од брегот. Во овој земјотрес 101 лице го загубија животот во Црна Гора и 35 во Албанија.

Во земјотресот беа уништени голем дел од хотелите во оваа област, беа оштетени 53 здравствени установи, 570 објекти на социјалната и детската заштита, 240 училишни згради.

Особено беа оштетени културните и историските споменици (манастири, цркви, музеи, архиви), кои беа концентрирани главно во најзагрозениот крајбрежен појас. Исто така, големи штети претрпе и патната мрежа – беа оштетени околу 350 километри магистрални и 200 километри регионални патишта.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Објавено пред

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент.

Расправата траеше три денa, почнувајќи во саботата попладне, а завршувајќи синоќа.

Владата ја доби поддршката само од пратениците од Нова демократија.

Од собраниската говорница се обратија  155 пратеници од кои 33 министри, 108 пратеници, лидерите на политичките партии и Мицотакис.

Тој претходно пред пратениците ја претстави владината програма.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Британија откриени четворица Албанци шверцувани во кутии во багажник

Објавено пред

Четворица Албанци биле пронајдени врзани во картонски кутии во багажник на комби-возило.

Тие претходно платиле по 700 евра за да бидат транспортирани во Велика Британија.

Албанските државјани биле откриени од страна на граничната полиција, а еден од членовите на криминалната група, која го организирала нивното префрлување во Велика Британија, е уапсен и ќе биде депортиран во Албанија по 20 месеци затвор, пренесува „Дејли мејл“.
Граничната полиција го стопирала возилото и побарала од возачот да ги отвори шесте картонски кутии обележани со лента.
Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај патува во Хаг, в среда ќе излезе пред судот

Објавено пред

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ќе замине утре во Хаг со цел во својство на осомничен да даде изјава пред обвинителите на Специјалниот суд за воени злосторства, пренесуваат косовските медиуми.

Тој веќе в среда би требало да се појави пред обвинителите на Специјалниот суд.

Истиот ден ќе биде испрашан и поранешниот портпарол на Главниот штаб и поранешен претседател на косовското собрание, Јакуб Красниќи.

Уште не е познато во кое својство Красниќи ќе се појави во судот – дали како сведок или како осомничен, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Катица Јанева се појави во СЈО

Шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО. Таа на работа стигна...

Македонија1 час

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ2 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија2 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија3 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија4 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија4 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион4 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија18 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија19 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија20 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија21 час

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија22 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Досие