Контакт

Регион

Членовите на хрватската влада одржаа седница во дресови

Објавено пред

Членовите на хрватската влада, предводени од премиерот Андреј Пленковиќ, на денешната седница се појавија облечени во дресови на националниот фудбалски тим.

На официјалниот твитер-профил на хрватската влада беше објавено: „Денес имаме посебна седница во Бански Двори. В недела сме шампиони“.

Хрватскиот тим синоќа ја совлада Англија на Светското првенство во Москва и влезе во финалето, каде што в недела ќе се соочи со француската селекција.

Синоќа во Москва „коцкестите“ беа бодрени од премиерот Пленковиќ, претседателот на парламентот, Гордан Јандроковиќ, и уште двајца министри. Претседателката на државата, Колинда Грабар-Китаровиќ, која вчера беше во Брисел на самитот на НАТО, капчиња од националниот тим им подари на американскиот претседател Доналд Трамп и на британската премиерка Тереза Меј.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Изрекувањето на пресудата за Караџиќ во Хаг ќе се емитува со 30-минутно одлагање поради оперативни причини

Објавено пред

Изрекувањето на конечната пресуда по жалбите на хашкиот обвиненик Радован Караџиќ, закажано за утре во 14 часот во Хашкиот трибунал, ќе се емитува со 30-минутно одлагање.

Какво било снимање на преносот во живо во зградата на Механизмот е строго забрането поради, како што велат, „оперативни причини”.

Постојат шпекулации дека оваа мерка беше донесена поради пропустот при изрекувањето на пресудата за Праљак. По изрекувањето на пресудата, кога беше осуден на 20 години затвор, тој испи отров во живо, по што почина.

Прикажи повеќе...

Регион

Мајки од Сребреница ќе присуствуваат на изрекувањето пресуда за Караџиќ

Објавено пред

Мајки на жртвите во Сребреница утрово заминаа во Хаг за да присуствуваат на пресудата на Радован Караџиќ, објави порталот на сараевскиот „Аваз“, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови го закажа изрекувањето на пресудата, по жалбата во предметот тужителите против Радован Караџиќ, в среда, на 20 март.

Радован Караџиќ е обвинет по две точки за геноцид, пет точки за злосторства против човештвото и четири точки за кршење на законите и обичаите на војување извршени од страна на српските сили за време на вооружениот конфликт во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Бугарски полицајци меѓу себе се испрскале со солзавец

Објавено пред

Припадници на бугарската полиција во Софија во обид да ја преземат контролата над демонстрациите пред парламентот сами меѓу себе се испрскале со солзавец.

Учесниците на протестот што се одржа вчера барале промена на Уставот и трансформација на земјата во „директна демократија“.

На видеото од протестот се гледа како еден од полицајците употребил солзавец, кој, поради ветерот, се вратил кон лицата на останатите полицајци. Тие биле принудени да се повлечат и да ги измијат очите за да го намалат ефектот на солзавецот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јакимовски: Не им се плашиме

Ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот...

Македонија3 часа

(Видео) Како Јакимовски им овозможувал на фирми да добиваат државно земјиште по багателни цени

Во периодот од 2011 до 2017 година вработени во Општина Карпош на чело со тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски  легализирале бараки...

Свет3 часа

(Видео) Моќен говор на премиерката на Нов Зеланд: Никогаш нема да го изговорам името на терористот кој уби 50 луѓе

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во својот прв говор во националниот парламент по терористичкиот напад што се случи во...

Македонија3 часа

(Видео) Таксистите до Шилегов: Тргнете ги дивите таксисти, доста ни го јадат лебот

Нелиценцирани возила без таксиметри, преполни такси-станици од нелегални таксисти, непријавени такси-возачи, лебот на таксистите им го земаат пензионирани полицајци, пожарникари...

Свет5 часа

Уапсени уште две лица за нападот во Утрехт

Холандската полиција уапси уште две лица за нападот во трамвајот во Утрехт, во кој беа убиени три, а повредени пет...

Крвав четврток6 часа

Семејствата на притворените за 27 април со гаранции се жалат кај народниот правобранител

Семејствата на осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител затоа што при активна гаранција им бил...

Македонија6 часа

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин Гроб, во село Матејче, утринава е локализиран,...

Европа8 часа

Сите жртви во Утрехт се државјани на Холандија

Сите три жртви во нападот што се случи вчера во Утрехт се Холанѓани, соопшти холандското Министерство за внатрешни работи. „Министерството...

Македонија17 часа

(Видео) Власта и опозицијата без договор за СЈО

Петчасовната работна средба во Министерството за правда на која се разгледуваа амандманите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ за Законот за...

Свет21 час

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ24 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија1 ден

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет1 ден

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 ден

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија1 ден

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија1 ден

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ1 ден

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет1 ден

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион1 ден

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Досие