Контакт

Регион

Шешељ го газел хрватското знаме

Објавено пред

Српската радикална партија соопшти дека нејзиниот лидер Воислав Шешељ пред српското Собрание го газел хрватското знаме и со пцовки jа навредувал хрватската делегација.

Во соопштението се наведува дека Шешељ околу 12 часот влегол во зградата на Собранието на Србија, а со него бил и пратеникот Филип Стојановиќ.

„Кога на влезот во Собранието, го здогледал хрватското знаме, се затрчал, го фрлил на подот и се обидел да го искине, а потоа тој и Филип Стојановиќ го газеле знамето. Пет членови на обезбедувањето не биле во можност да им го одземат националниот симбол на Хрватите“, пишува во соопштението.

Шешељ и Стојановиќ потоа влегле во предворјето, каде била делегацијата на Хрватска, при што Шешељ им упатил низа пцовки на присутните.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како „акт на политичко насилство“.

„Синоќа во Белград бевме сведоци на најбрутално политичко насилство во последните неколку години. Во изминатите осум години, Република Србија целосно ја почитуваше слободата на собирање и демонстрација, како и различно мислење“, рече тој.

„Синоќа, иако некои се обидоа да го оправдаат тоа со коронавирусот, бевме сведоци на политички протест којшто не беше пријавен, се случи луѓето што се со десничарска ориентација да ја нападнат зградата на Националното собрание и да влезат во неа, што значи да се извршат најмалку две кривични дела“, рече тој.

Вучиќ додаде дека полицијата реагирала дури кога собраните лица почнале да ја вандализираат зградата на Националното собрание.

„Соочени со сето ова, полицијата презеде законски мерки. Пристојни и мирни луѓе можеа да видат како тие луѓе се однесуваа меѓусебно и како малтретираа полициски службеници. Пет полициски возила беа запалени, 43 полицајци беа повредени, а едниот има фрактура на черепот“,рече Вучиќ, а потоа покажа и фотографии од полицајци, од кои некои биле нападнати со нож.

Вучиќ истакна дека е нанесена голема материјална штета, како и штета на угледот на Србија.

„Ги разбирам политичките фрустрации, но нема да дозволиме никој да го уништи мирот во Србија. Тоа е пораката до оние внатре и оние што се надвор“, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Голем прилив на пациенти во Белград, за 24 часа, примени 144 заразени во болниците

Објавено пред

На Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Србија има 92 пациенти со умерена и тешка клиничка слика, а во болницата во Земун има 380 пациенти, од кои 30 се на интензивна нега, пренесува РТС. Состојбата во Нови Пазар е стабилизирана, а лоша е во Сјеница и Тутин.

Заменик-директорот на Клиниката за инфективни болести, Ивана Милошевиќ, за РТС изјави дека биле тестирани 320 пациенти во изминатите 24 часа, а 100-ина во текот на ноќта.

„Во изминатите 24 часа 144 пациенти се примени во болниците во Белград. Ова значи како да сме ја примиле целата Клиника за инфективни болести во изминатите 24 часа. Има огромен прилив на пациенти“, предупреди Милошевиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Српскиот министер за одбрана повика на апсење на опозициските политичари

Објавено пред

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, излезе со соопштение на веб-страницата на Министерството, во кое ги коментира вчерашните протести во Белград.

Според него, опозициските политичари се виновни за сè, а демонстрантите што синоќа биле на улиците биле хулигани.

„Бидејќи оние што влегоа со моторна пила во РТС не беа казнети, оние што ја искористија својата парламентарна функција да ги срушат вратите во Националното собрание, затоа што оние што организираа протести за време на вонредната состојба не беа казнети, затоа што никој не беше казнет за стопирање на сообраќајот во Белград и малтретирање мирни граѓани, тоа е причината зошто хулиганите и политичарите што ги поттикнуваа дивееја во Белград минатата ноќ“, напиша тој.

„Државата Србија мора да докаже дека во неа владеат закони, а не насилници и политичари кои може само со сила да влезат во собранието“, додаде тој.

Тој исто така повика на казнување на политичарите.

„Или секој политичар што повикува на насилство и секој силеџија што го уништуваше Белград синоќа ќе биде пронајден и казнет ​​или нема демократија во Србија. Србија мора да одговори на сила со сила на законот“, заклучува тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион30 минути

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како „акт на политичко насилство“....

Македонија33 минути

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени со коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија52 минути

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија3 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион3 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион4 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион4 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет6 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет7 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет7 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија7 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион7 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет19 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион22 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија23 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Досие