Регион
Шешељ: Хаг е суд за Србите, Хрватите плаќаат да не бидат осудувани нивни генерали

Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, како гостин во емисијата „Фокус“ на ТВ Б92, изјави дека ја очекувал пресудата против поранешниот генерал на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој вчера во Хаг правосилно беше осуден на доживотен затвор за воени злосторства.
„Хаг е суд за Србите, тоа може да се види по бројот на обвинети Срби и по тоа што само Србите се осудувани“, нагласи Шешељ.
Според него, Младиќ немал можност за ефикасна одбрана.
„Само Милошевиќ и јас ја имавме таа можност, но тој немаше време да го изучи англосаксонското право, туку да ги победи лагите на сведоците. Имав време да научам англосаксонско право и победив во постапката“, рече Шешељ.
Тој кажа дека има сознанија дека Хрватите му платиле на Хашкиот трибунал да не ги осудува нивните генерали.
„Хрватите даваат големи пари за ослободување на Маркач и Готовина, беа платени 30 милиони за Тихомир Блашкиќ, дури и Ватикан ги финансираше“, истакна Шешељ.
Тој изјави дека во општата офанзива против Србија, меѓународната заедница жестоко ќе ја искористи пресудата за да ја обвини земјата за геноцид што, според него, не се случил.
Осврнувајќи се на случајот со Сребреница, Шешељ тврди дека е јасно дека немало кривично дело геноцид.
„Не мора човек да биде адвокат, доволно е да биде интелектуалец и писмен, за да може да ја прочита меѓународната конвенција за спречување и казнување на кривичното дело геноцид. Ќе му биде јасно дека овој настан во Сребреница не може да се квалификува како геноцид“, нагласи тој.
„Нема помирување додека нас Србите нѐ нарекуваат виновници“, заклучи Шешељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Малезија скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал

Синоќа малезиски државјанин скокнал од Стариот мост во Мостар и не испливал. За ова била известена полицијата во Мостар, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, пренесува „Кликс“.
Портпаролот на МУП на ХНК, Људевит Мариќ за „Klix.ba“ вели дека полицајците веднаш по пријавата излегле на терен.
На местото на настанот дознале дека е малезиски државјанин, но не нашле никакви документи.
Од таму објаснуваат дека било ноќ и условите не дозволувале потрага, но дека денеска истата ќе може да се спроведе.
Регион
Турска воена база ракетирана во северен Ирак

Турската воена база Зилкан во областа Ниневија во северен Ирак денеска била погодена со ракети, соопштија претставници на полуавтономниот курдски регион во северен Ирак.
Според соопштението на антитерористичкиот оддел на курдскиот регион во Ирак, врз базата Зилкан биле лансирани најмалку осум проектили, од кои два ја погодиле целта, пренесува АП.
Одговорноста за нападот ја презеде Бригадата на исламскиот отпор – Ахрар ал-Ирак, организација која е составен дел на шиитските милиции поддржани од Иран.
Претставник на турското Министерство за одбрана, кој даде изјава под услов да остане анонимен, рече дека во нападот на базата Зилкан нема жртви или штети.
Од 2019 година Турција спроведува воени операции во северен Ирак, каде што се бори против Курдистанската работничка партија (ПКК), која има упориште во овој регион. Анкара изгради неколку воени бази на северот на Ирак, што предизвика големо незадоволство кај официјален Багдад, кој ги смета овие бази за незаконски.
Регион
Авион принудно слета во Белград, патник починал за време на летот

Едно лице починало кога му се слошило во авион, кој синоќа принудно слетал на белградскиот аеродром, соопшти утрово итната помош.
Како што се наведува, се работи за 68-годишна жена, на која првин ѝ се слошило.
Авионот од Келн принудно слета во Белград во 22.24 часот. Авионот летал за Ниш.
Помош од лекарите на оваа служба најмногу барале граѓани со покачена температура и пациенти со кардиоваскуларни заболувања поради проблеми со задушување.