Контакт

Регион

Црна Гора ѝ понудила на СПЦ да запре примената на Законот за слобода на вероисповедта

Објавено пред

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, денеска објави дека тој и претседателот на државата, Мило Ѓукановиќ, неодамна му предложиле на митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква, Амфилохије, да запре примената на Законот за слобода на вероисповедта сè додека Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права не се изјаснат за овој закон. Тие предложиле и продолжување на дијалогот, но, како што рекол Марковиќ, митрополитот повикал на продолжување на литиите.

„Поточно, Владата беше подготвена да го стопира спроведувањето на Законот за слобода на вероисповедта сè додека Уставниот суд на Црна Гора и Европскиот суд за човекови права во Стразбур не донесат одлука за него“, рече Марковиќ утрово во обраќање до јавноста.

Во исто време, додаде Марковиќ, понудивме да ги продолжиме преговорите на експертско ниво за следната недела за што владиниот тим се подготвуваше во текот на изминатиот период.

Марковиќ посочи дека, како одговор, следувал повикот на митрополитот Амфилохије да се организираат литии, што, според црногорскиот премиер, се толкува како продолжение на недоразбирањата и конфронтациите.

„Црна Гора е демократско општество на европски и евро-атлантски вредности, во кои се дозволени јавни собири сè додека тие не ги загрозуваат правата на другите“, рече Марковиќ.

Регион

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Објавено пред

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, посочувајќи дека нема две нации или два народи. Според него, посетата на премиерот Зоран Заев на Бугарија без покана, е за да ја понижи нивната земја.

„ Јас сум во градот Гоце Делчев, чие старо име е Неврокоп, пред споменикот на Георги Николов Делчев. Тука сум да објаснам категорично неколку факти кои станаа јасни по непоканeтата посета на премиерот на РСМ, Зоран Заев. Со месеци, овој човек формира коалиции против Бугарија во Западна Европа. Тој се обидуваше да ја понижи нашата земја, да бара сојузници за да изврши притисок врз Бугарија и да ја натера да ја смени својата фер позиција во врска со почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Заев дојде во Софија да побара отстапки и да се обиде да ги прикрие грешките што ги направил предизвикани од неговиот нечесен став“, напиша Џамбаски.

Тој смета дека политичките противници во Бугарија сакаат да направат национално предавство.

„ Уште по необјасниво и нејасно е однесувањето на т.н. демократи од ‘Демократска Бугарија’, кои на секој начин се обидуваат да им докажат на своите плаќачи од голем број западни амбасади и да извршат национално предавство. Ова треба да се знае. Скоро не остана бугарска политичка сила, освен нас, за заштита на бугарскиот државен интерес. Едно нешто мора да биде јасно: кој и да попушти и изврши национално предавство, веднаш ќе биде казнет од бугарскиот народ. Македонија е една, таа е бугарска и од двете страни на вештачката граница живее една нација. Да живее Бугарија! Да живее нашата обединета Татковина!“, додаде европратеникот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Објавено пред

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии во фабриката „Слобода“ во Чачак, пренесуваат српските медиуми.

Евакуирани се околу 350 лица кои живеат во близина на фабриката. Во текот на ноќта беше изгаснат пожарот, по што дел од евакуираните се вратија во своите домови.

Според првите податоци, синоќешната детонација предизвикала пожар надвор од кругот на фабриката на две места.

Детонацијата ги искрши прозорците во еден погон на фабриката, при што тројца работници се здобиле со исеченици.

Ноќта мина без нови детонации и инциденти, а беспилотни летала го надлетуваа кругот на фабриката.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силна експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, наредена итна евакуација

Објавено пред

Неколку детонации се слушнале вечерва во Чачак, по екплозија во фабриката „Слобода“, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, во инцидентот полесно се повредени тројца работници, а наредена е и евакуација на населението од околината на фабриката.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, до експлозијата дошло на заостанати експлозивни направи.

Во оваа фабрика имаше експлозија и пред две недели, тогаш немаше повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт12 часа

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион15 часа

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија16 часа

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет16 часа

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија16 часа

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Топ18 часа

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било...

Регион19 часа

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии...

Свет19 часа

(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта...

Свет20 часа

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел...

Свет20 часа

(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден,...

Топ20 часа

Над 200 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Македонија1 ден

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ2 дена

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија2 дена

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија2 дена

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт2 дена

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет2 дена

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија2 дена

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион2 дена

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Досие