Регион
Јоксимовиќ: Се надевам дека Хрватска нема да ја блокира Србија

Српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ, се надева дека Хрватска нема да ја блокира Србија на европскиот пат.
Како што рече, причина за стравување од такво сценарио е тоа што досега се покажало оти билатералната рампа за време на преговорите ја поткопува довербата во кредибилитетот на процесот на преговарање.
Таа за „Данас“ изјави дека не би ја изненадило доколку Хрватска направи такво нешто, меѓутоа тоа не ја фрустрира бидејќи знае дека доколку Србија денес е членка на ЕУ, покрај многуте реформи што треба да ги спроведе, може да придонесе во многу сегменти од заедничката политика на ЕУ.
Јоксимовиќ смета дека Србија е на добар пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Деветнаесет години го криела телото на сестра ѝ во ладилник

Хрватската полиција пронајде тело на жена во ладилник, во куќа во местото Меџумурје. Како што пренесуваат хрватските медиуми, најверојатно се работи за Јасмина Доминиќ, студентка која исчезнала во 2000 година. Нејзиното тело е најдено во подрумот од нејзината семејна куќа, каде што живее нејзината сестра со сопругот и трите деца.
Не е јасно како Јасмина исчезнала, ниту кој ја убил. А полицијата досега повеќепати ја пребарувала куќата и не го забележала телото, кое било замотано во целофан.
До шокатното откритие дошло откако во саботата на улицата снемало струја, па почнало да се шири ужасна смрдеа, по што жителите повикале брза помош и полиција. Истражителите го пронашле женското тело во ладилникот во ходникот од куќата.
Нејзината сестра е уапсена под сомнение дека го извршила ужасното убиство. Моментално е во притвор, каде што може да биде задржана 24 часа, пред да биде испратена кај жупанискиот обвинител. Се чекаат резултатите од обдукцијата на телото, кое може да потрае поради состојбата во која се наоѓа телото.
Регион
Почина и клавијатуристот кој патуваше со Шабан Шаулиќ

Мирсад Кериќ, музичар и клавијатурист, исто така почина по ужасната сообраќајна несреќа што се случи вчера во Германија, а во која животот го изгуби легендарниот пејач Шабан Шаулиќ.
Мирсад имаше повреди на мозокот, кои биле фатални за неговиот живот.
Оваа информација ја потврди Сабит Дервишевиќ, менаџер на Шабан Шаулиќ.
,,Пред неколку минути, од германската болница ми ја кажаа тажната вест дека умре Мирсо. Ние се надевавме на најдоброто, но, за жал, тој ја загуби борбата за живот”, рече Дервишевиќ.
Многу пријатели, колеги и фанови преку социјалните мрежи се збогуваат со клавијатуристот кој долго време го придружуваше Шабан.
Двајцата ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Германија, кога пијан возач удрил во нивното возило. Несреќата се случила на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.
Српскиот пејач на народна музика Шабан Шаулиќ, кој вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија, ќе биде погребан во Алејата на заслужни граѓани во новите гробишта во Белград.
Регион
Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ

Куферот и го спасил животот на пејачката која патувала со Шабан Шаулиќ. Според српските медиуми, Теа Таировиќ пеела заедно со Шабан Шаулиќ на неговиот последен настап во животот. Шабан по настапот отишол во хотел, од каде што изутрината од Дизелдорф требал да лета за Белград.
Кога останатата група отишла на аеродромот им било кажано дека Шабан имал несреќа и дека бил повреден, по што им било соопштено дека им подлегнал на повредите.
Таа по враќањето во Белград за тамошните медиуми тврди дека една работа и го спасила животот.
,,Јас за време на летот го изгубив куферот и се нервирав околу тоа. Шабан и неговиот колега ми велеа: ,,Е да доаѓаше со нашиот лет, немаше да го изгубиш куферот””. Да одев со нивниот лет, ќе бев заедно со нив и во автомобилот кога се случи несреќата”, раскажува таа.
Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд. До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите, информира српски „Блиц“.
Шаулиќ во моментот на несреќата, патувал кон аеродром. Тој не го возел автомобилот, туку имал возач. Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал