Контакт

Регион

Јункер: Не смееме да го испуштиме од вид Западен Балкан

Објавено пред

Европската Унија мора да го дефинира на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западен Балкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за време на своето годишно обраќање пред Европскиот парламент.

Западен Балкан не смееме да го изгубиме од вид, тој регион не може да се игнорира бидејќи другите уште повеќе ќе го зголемат своето влијание таму, додаде Јункер во својот говор.

„Ние треба да најдеме единствено решение кога станува збор за земјите од Западен Балкан еднаш и засекогаш. Ако не го направиме тоа, нашето непосредно опкружување ќе го обликуваат други“, рече тој.

Јункер во својот говор неколкупати го нагласи значењето на обединување на ЕУ, која треба да дејствува како една обединета Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание српски „Телеграф“, додека српски „Курир“ пишува дека наскоро во официјална посета во земјата повторно ќе допатува германската канцеларка, Ангела Меркел.

„На Трамп, како што беше случајот со недамнешната посета на рускиот претседател, Владимир Путин, Србија би му подготвила грандиозен пречек“, пишува „Телеграф“, потсетувајќи дека повик до шефот на Белата куќа да ја посети Србија, неколку пати досега упатија српскиот претседател, Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ.

Извор за весникот наведува дека Трамп е уверен оти решението на косовскиот проблем е многу блиску, поради што ги упатил писмата до Вучиќ и косовскиот претседател, Хашим Тачи. Оттука изворот ја наведува можноста за посетата на претседателот на САД.

Во однос на посетата на Меркел, српски „Курир“ наведува дека Вучиќ и Меркел ќе се состанат на светскиот економски форум во Давос, каде покрај темите за Косово, економијата и интеграциите во ЕУ, ќе стане збор и за новата посета на Меркел во Белград.

„Овој состанок, 14 по ред, демонстрира близок однос помеѓу Меркел и Виучиќ, но овој пат, според оценката на алитичарите, ќе има посебно значење поради недамнешната посета на претседателот на Русија, Владимир Путин“, пишува српски Курир.

Српскиот претседател ден по посетата на Путин изјави дека е можно уште еден познат светски лидер да пристигне во Србија, а тоа не се претседателите на Кина и Франција, чиишто посети се веќе најавени.

Прикажи повеќе...

Регион

Јанез Јанша казнет со 6.000 евра поради навреда врз новинарки

Објавено пред

Поранешниот словенечки премиер и лидер на словенечката Демократска партија, Јанез Јанша е казнет со 6.000 евра поради навреда врз две новинарки од Радио телевизија Словенија.

Во пресудата е одредено Јанша да ги плати и трошоците за спорот, во висина од 513 евра, објави агенцијата СТА.

Во пораката што на „Твитер“ ја објави Јанша во 2016 година, новинарката Евгенија Карл и уредничката Мојца Пашек ги нарече „испрани проститутки чиишто евтини услуги се на понуда на ‘Фејсбук’ страната на јавната куќа“.

Двете новинарки го тужеа Јанша по објавата.

Прикажи повеќе...

Регион

Ципрас до граѓаните: Дознајте ја вистината за преспанскиот договор

Објавено пред

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави видеопорака до граѓаните во Грција, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за преспанскиот договор и да се дознае вистината.

„Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видеообраќање со наслов „Вистината за преспанскиот договор“.

Овој договор, нагласува Ципрас, е камен-темелник за балканското регионално пријателство, соработка и братството на народите, пренесе грчката новинска агенција АНА.

„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниту еден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничките групи. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфстраструктурата и јавниот простор“, рече Ципрас.

Видеопораката вклучува и инсерти од потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија. Договорот, кој се очекува в четврток да биде ратификуван и во грчкиот парламент, предвидува преименување на нашата земја во Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести19 минути

Демократите бараат итно да се постигне компромис за историската блокада на владата

Блокадата на Трамп над буџетот, која трае веќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а...

Свет1 час

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај Керчскиот теснец

Во пожарот кој зафати два брода кои пловеле под знамето на Танзанија кај Керчскиот теснец, во Црното море, загинаа најмалку...

Македонија2 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија13 часа

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија15 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија16 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија17 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија18 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија18 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија20 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија21 час

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија21 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски21 час

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести22 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија22 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет23 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија24 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион1 ден

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Досие