Регион
Во Љубљана непознат сторител напишал „Алах“ на дипломатско возило

Полицијата во Љубљана трага по непознат сторител, кој на еден од автомобилите што ги користат странските дипломати во Словенија го напишал зборот „Алах“, објавија тамошните медиуми.
Според порталот “24 УР“, наводно станува збор за возило што го користела американската амбасада во Љубљана, кое неколку денеа било паркирано во населбата Косезе.
Се наведува дека сторителот е странски државјанин и дека автомобилот бил обоен со боја што се мие, така што не е направена поголема материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија помалку од 1.700 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.240 лица за коронавирусот, од кои 1.648 биле позитивни, додека починале 20 лица.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 166 пациенти на апарати за дишење во болниците низ Србија.
Досегашните корона-рекорди се: најпозитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.
Регион
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Самос

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Самос, грчки остров во Егејското Море.
Епицентарот на земјотресот е 266 километри источно од Атина, на море, 15 километри северно од Самос, пренесе агенцијата АНА.
Засега нема извештаи за штети или земјотреси.
Регион
Парламентот на Црна Гора повторно го усвои Законот за слобода на вероисповед

На денешната вонредна седница, Парламентот на Црна Гора повторно гласаше со мнозинство гласови за изменување и дополнување на Законот за слобода на вероисповед. За измените и дополнувањата на Законот за вероисповед гласале 41 пратеник од парламентарното мнозинство, без гласови против и воздржани.
Парламентот усвои и други закони што црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ претходно одби да ги потпише и ги врати на повторно изјаснување.
Пакетот закони првпат беше усвоен на седницата на Собранието на крајот на декември минатата година.
Неколку десетици граѓани со знамиња на Црна Гора и НАТО се собраа пред зградата на парламентот.
Опозициските пратеници од редовите на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ не присуствуваа на собраниската седница.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот