Регион
Абазовиќ: Тие што ја почнаа процедурата за гласање недоверба политички нема да опстанат
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, денеска, на прес-конференцијата по повод 100-те дена на владата, рече дека не знае дали владата ќе го преживее 19 август, но знае дека оние што ја почнаа процедурата за гласање доверба, нема да опстанат политички.
„Некои од луѓето што ја почнаа процедурата и дел од структурите што ја почнуваат таа процедура, наводно криејќи се зад основниот договор, сигурно политички нема да опстанат, без разлика дали тоа ќе се реализира на 19 август, на некои избори, на локалните во Подгорица, дел од тие структури сигурно нема да опстане“, изјави Абазовиќ, а пренесува РТЦГ.
Тој рече дека на седницата на Собранието на Црна Гора, на која ќе се гласа за доверба на владата, ќе се знае кој е против основниот договор со СПЦ и дека секој што „ќе притисне зелено светло, ќе значи дека сака да ја врати Црна Гора и да го откаже овој чин“.
Тој додаде дека се сомнева оти тие што сакаат да ја сменат владата имаат 41 пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Наскоро ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ чијашто партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска објави дека наскоро ќе се знае со кого ќе формираат Влада.
„Одлично е чувството, 3-та победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високата излезност не и’ одговара на ХДЗ, “, изјави Пленковиќ.
„Многу наскоро ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Се оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, додека „Риека Правде“ на СДП добива 42 мандати.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.