Регион
Албанија и Грција пред историско решавање на многуте билатерални проблеми
Тирана и Атина ги привршуваат преговорите за надминување на проблемите помеѓу Албанија и Грција речиси 70 години. Оваа оценка на албанските институции ја пренесуваат албанските медиуми кои нагласуваат дека претседателот на државата, Илир Мета, и премиерот Еди Рама на својата последна средба што ја имале синоќа имале идентични ставови за позицијата на Албанија во преговорите.
Истите извори наведуваат дека Мета и Рама се на иста линија во врска со надминуивање на проблемите со Грција со договорот кој е во финална фаза, а кој треба да се потпише многу бргу. Албанското раководство оценува дека долгите преговори на Тирана со Атина за утврдувањето на морската граница, укинувањето на законот за војна помеѓу Грција и Албанија од страна на Атина, позицијата на грчкото малцинство во Албанија, но и прашањето на Чамите во Грција, дале плод и дека може да се потпише историскиот договор на двата соседа за многуте тешки проблеми.
Медиумите ја изнесуваат оценката дека албанското МНР е задоволно од преговорите со грчкото МНР и дека шефовите на дипломатиите на двете земји Дитмир Бушати и Никос Косијас. Најтешки биле преговорите за морската граница, но и прашањето на грчкото малцинство во Албанија и Чамите во Грција. Што се однесува до грчкиот закон за воена состојба со Албанија, официјална Атина покажала добро разбирање уште на почетокот и информирала дека тој закон не треба да биде во сила бидејќи проблемите од периодот по Втората светска војна помеѓу двата соседа се минато.
Од друга страна, албанската опозиција во пресрет на потпишувањето на договорот за надминување на билатералните проблеми на Тирана со Атина истакнува дека Атина е задоволна од преговорите бидејќи Тирана попуштила многу.
„Таквиот договор за големите отворени проблеми на Албанија со Грција е штетен за Албанија и е во интерес на Грција“, истакна духовниот лидер на десницата и експретседател и премиер, Сали Бериша.
Опозицијата смета дека со новите морски граници Грција ги има добиено пределите во Јонското Море, каде што има големи количини нафта. Исто така, за опозицијата во преговорите Тирана не успеала да го истакне доволно прашањето на Чамите во Грција.
Медиумите во Тирана цитираат изјава на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во која тој вели дека нема да замине на одмор без да се потпише договорот за решавање на проблемите на Атина со Тирана. Оваа изјава се коментира како подготвененост на Атина конечно да се потпише, како што се наведува, историскиот договор на двата соседа, кои повеќе од седум дека немаат добри односи. Аналитичарите во Албанија истакнуваат дека договорот доаѓа и како резултат на силниот притисок на ЕУ и САД, конечно, Албанија и Грција да немаат отворени прашања. Сепак, тие додаваат дека опозицијата во Албанија ќе прави напори да го искористи договорот за кој се тврди дека ќе се потпише многу бргу, да го искористат за создавање клима за предвремени избори во Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Регион
Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија
Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.
Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.
Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.
„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.
Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.
Регион
Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово
Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.
За извештајот на Немец гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.
По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.
Претходно овој месец, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.
Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ
Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.
Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.
Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ
Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откога од 1 јануари годинава беа укинати визите за граѓаните на Косово.
Во ноември 2023 година Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.