Регион
Албанска опозиција протестира против корупцијата во владата
Илјадници приврзаници на албанската десна опозиција протестираа во саботата во главниот град Тирана барајќи оставка на социјалистичката влада на Еди Рама којашто ја обвинуваат дека земјата ја турнала во сиромаштија и во корупција.
„Владата на Рама мора да замине, време е да ја урнеме!“, изјави Љуљзим Баша, претседател на Демократската партија, од десниот центар, обраќајќи ѝ се на толпата пред зградата на владата.
Покрај мноштвото национални знамиња демонстрантите носе и многу транспаренти на кои беше истакнато: „Рама, замини!“ и „Сакаме предвремени избори“. Парламентарните избори, инаку, се распишани за 18-ти јуни.
Некои од демонстрантите фрлаа чадни бомби и палеа страшила со фотографии на премиерот и на министрите за внатрешни работи и за здравство.
„Оваа влада ја турна земјата во сиромаштија и во корупција, и натера многу Албанци да заминат од земјата“, рече Баша. „Нема да отстапиме!“, возврати толпата.
Демонстрантите од владата на зградата ги одделуваше силен полициски сили.
Властите го одобрија одржувањето на протестот во тек на четири часа, но групата демонстранти постави голем шатор во којшто, како што нагласија, може да се сместат околу илјада луѓе кои се решителни да ги продолжат протестите против владата.
„Ова е демократска револуција од која нема враќање и ги повикувам сите Албанци да ни се придружат сé до победата и заминувањето на Рама“, изјави за новинарите поранешниот премиер Сали Бериша.
Албанија, којашто е членка на НАТО од 2009 година, а во 2014 година статусот кандидат за членство во Европската унија и се надева на почеток на преговорите до крајот на 201 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.