Регион
„Асошиетед прес“: Македонија и три други балкански земји западнаа во проблеми поради коронавирусот
Четири земји од Западен Балкан бележат скок на бројот на новозаразени со коронавирус по олеснувањето на рестриктивните мерки, пишува американската агенција „Асошиетед прес“ (АП).
Станува збор за Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.
Агенцијата објаснува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги откаже предизборните митинзи на неговата Српска напредна партија, а официјалните лица во БиХ, Северна Македонија и во Албанија апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките против ширењето на инфекцијата.
За Македонија се нагласува дека завчера биле забележани седум смртни случаи како последица на коронавирусот, што е најголем број смртни случаи за 24 часа во период подолг од еден месец. АП посочува дека новиот скок на бројот на заразени и смртни случаи е поврзан со масовните собири пред три недели за време на верски празници.
„Здравствените власти во БиХ инсистираат дека зголемувањето на новозаразени не е загрижувачко и дека епидемијата во таа земја сè уште е под контрола и покрај кластерите од заразени лица во одредени области. Речиси 60 нови случаи се пријавени за 24 часа во БиХ“, пишува АП.
Агенцијата додава дека породилното одделение во сараевската болница е привремено затворено затоа што инфекцијата е потврдена кај двајца вработени, а на сите други од тоа одделение им било наредено да се изолираат додека ги чекаат резултатите од тестот на вирусот.
Во однос на Србија, АП посочува дека земјата постепено дозволува собири со поголем број луѓе што не го задржуваат физичкото растојание и не носат маски, иако во препораките на властите се бара задолжителна употреба на заштита на јавни места.
Мерки за ублажување се спроведуваат и во Албанија повеќе од две недели. Иако во Албанија сè уште се забранети поголеми собири, луѓето не обрнуваат внимание на тоа, наведува американската агенција, додавајќи дека многу малку луѓе носат маски и раквици и покрај апелите од властите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.