Регион
„Блумберг“ за тоа што ќе искористи Вучиќ од посетата на Путин
Во пресрет на посетата на рускиот претседател на Белград американската агенција „Блумберг“ пишува дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе настојува тоа да го искористи и да обезбеди поддршка од Москва за постигнување договор за Косово, пренесуваат српските медиуми.
When Putin arrives in Serbia, he’ll be greeted as the country’s most popular foreign politician https://t.co/QmzxGe4WP9
— Bloomberg (@business) January 17, 2019
Рускиот претседател во Белград, како што пишува агенцијата, ќе го поздрави владеачката партија СНС, со собир што ќе го истакне конфликтниот пристап на Србија кон придружувањето кон ЕУ. Како што оценува „Блумберг“, Вучиќ се обидува да даде сигнал дека не прифаќа противење на ЕУ на договорот со Косово за разграничувањето.
Агенцијата наведува дека Вучиќ и Хашим Тачи се свртеле кон Москва и Вашингтон поради поддршка на таквиот договор. Се наведува дека Вучиќ во 2012 година балансирал меѓу ветување за европска интеграција и одржување срдечни врски со Русија.
Неговиот однос со Путин е особено близок, оценува агенцијата и додава дека двајцата претседатели се сретнале повеќе од 10 пати и дека Русија му доделила на Вучиќ едно од своите најголеми признанија. Овој однос, како се наведува во анализата на „Блумберг“, сега игра улога додека Србија се обидува да направи промена во разговорите со Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово
Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.
За извештајот на Немец гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.
По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.
Претходно овој месец, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.
Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ
Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.
Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.
Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ
Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откога од 1 јануари годинава беа укинати визите за граѓаните на Косово.
Во ноември 2023 година Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.
Регион
Додик повторно во Русија: Имаме притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Москва
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно отпатува во Русија за да ја изрази својата желба за зајакнување на односите со режимот на Владимир Путин, а денеска на средбата со шефот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, тоа го потврди. Додик отпатува за Санкт Петербург, каде што ќе учествува на меѓународниот безбедносен форум организиран од руските власти, а таму го однесе и министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, со чија партија е во коалиција на државно ниво.
Како што објави јавниот сервис на Република Српска (РТРС), Додик веднаш се сретнал со Патрушев, кој се смета дека е еден од најблиските соработници на Путин. Двајцата разговараа за соработката меѓу РС и Русија, а Патрушев особено ги пофали добрите лични односи меѓу Додик и Путин.
„Вашите одлични лични односи со претседателот на Русија, Владимир Путин, водат до одлични односи меѓу РС и Руската Федерација“, рече Патрушев на средбата додавајќи дека е свесен оти РС е под голем притисок поради тоа.
Додик одговори дека нема да го поколебаат притисоците.
„Ние сме под голем притисок, но остануваме посветени на добрите односи со Русија“, рече Додик.
Актуелниот претседател на РС, кој е под санкции на САД и Велика Британија, отпатува во Русија во време кога Босна и Херцеговина се соочува со сериозна политичка криза. Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, во понеделникот предупреди дека односите во владејачката коалиција се најлоши досега.
Кризата беше предизвикана од барањето на Додик за укинување на техничките измени на изборниот закон, кои беа наметнати во март од високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, како и противењето на најавеното усвојување на резолуцијата во Обединетите нации, со која би се прогласил 11 јули како ден за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.
Поради оваа причина, Додик ги актуализира своите закани за независност на РС и тоа го стори во пресрет на заминувањето во Русија.
„Не можеме да живееме со оние што работат против нас. Време е секој да тргне по својот пат“, изјави вчера Додик.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.