Регион
Брнабиќ: Србија е на чекор до нормалниот живот, набргу и четврта вакцина
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека во земјата набргу ќе пристигне уште една, четврта по ред, вакцина против коронавирусот. Таа рече дека за разлика од многу други земји, Србија се наоѓа на чекор до враќање на нормалниот живот.
Таа во емисијата на РТС – „Четврток во 9“ рече дека досега за вакцинирање се пријавиле речиси милион граѓани на Србија и очекува таа бројка да биде многу поголема бидејќи, како што вели, очекува добри вести во наредните денови.
„Секој што ќе сака да се вакцинира во Србија, ќе се вакцинира. Очекувам дека набргу ќе добиеме вакцина од четврти производител. Во следните денови ќе имаме добри вести. Секој ден преговараме и 50 проценти од моето време и времето на претседателот оди за тоа затоа што тоа е политичка и дипломатска работа“, рече Брнабиќ.
Таа посочи дека Србија е една од петте земји во светот што има најмногу вакцини на жител.
„Досега добивме 1.170.000 и очекуваме набргу уште неколку стотици илјади. Луѓето не мора да гледаат сè што се случува зад сцената, но ништо не падна од небото, ништо не се случува случајно“, нагласи Брнабиќ.
Таа рече дека засега нема ублажување на мерките, иако, како што вели, едвај го чека тој ден бидејќи тоа е добро за буџетот и економијата на земјата.
„Нашата цел е да се обидеме да паднеме под 1.000 заразени лица на ден. Во моментот процентот на позитивни луѓе во однос на бројот на тестирани лица стагнира, што е лошо, од една страна, но исто така добро бидејќи во последните 10 дена има пад на бројот на хоспитализирани лица во однос на исписи од болниците на оздравени“, објасни премиерката.
Таа вели дека во однос на други земји и како тие живеат далеку од секаква нормалност, сепак на Србија добро ѝ оди.
„Ние се држиме феноменално, на чекор сме до нормалноста и се надевам дека ќе продолжиме да го правиме тоа. Во други земји има полициски час, демонстрации, недостиг на вакцини. Кај нас нема ништо од тоа“, рече Брнабиќ.
Досега во Србија се вакцинирани 526.930 граѓани со вакцината на „Фајзер“, со руската вакцина „спутник В“ и со кинеската вакцина на „Синофарм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.